НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниската седница одложена за еден час, Левица бара одговори за патните трошоци и кирии на пратениците

0
By Marija Todorovska on May 27, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По барање на пратеничката група на „Левица“   денешното продолжение на 49. собраниска седница е одложено за еден час. Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев побара пауза од еден час бидејќи, како што рече, се уште не добиле одговор на доставеното барање на пратеничката Јована Мојсоска во јануари во кое се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за сите пратеници.

Процедуралната е врз основа на член 62 став 1 алинеја 10 од Деловникот согласно Закон за пратеници, согласно Деловникот на СДобранието, службите на Собранието и генералниот секретар не смеат да ги игнорираат барањата на пратениците. Службите на Собранието и генералниот секретар од јануари игнорираат барање на пратеничката Мојсоска со кое што се бараат исплатените патни трошоци  и кирии за 2024 за пратениците поименично. Изгледа не се сфаќа сериозноста на ова дека ова не и прави штета на Мојсоска, не ми прави мене, не и прави штета на Левица, ама со ова се уништува законски поставен механизам кој е поставен со цел да му овозможи на еден пратеник да ја врши својата пратеничка функција. Службите и генералниот секретар имаат законска обврска да одговараат на пратеничките барања и со тоа да им овозможат да си ја вршат пратеничката функција. шШо се прави со оваа игнорирање на пратеничко барање? Се отвора врата, се отвора простор во иднина на ниту еден пратеник од опозиција да не му се одговори на пратеничко барање и така да се саботира неговото извршување  на неговата пратеничка функција. Ова е лошо и за власта, затоа што денеска сте власт а утре ќе бидете опозиција и со ова јавно добро се уништува за партиски интереси, истакна Јанчев.

Како што најави Јанчев, се додека не и се одговори на пратеничката Мојсоска, на секоја седница ќе бараат пауза.

Согласно член 67 став барам да му се наложи на генералниот секретар и на службите на Собранието да си ја завршат деловничката и законската обврска и да одговараат на првичното поставено барање и побара пауза од еден час. Најави дека ќе бараат по еден час пауза на секоја седница се додека не добијат одговор на барањето, рече Јанчев.

Гаши му одговори на Јанчев. Потенцира дека во законскиот рок пратеничката добила одговор, но потоа побарала подетални информации за кои како што рече спикерот, ќе им бидат доставени побараните информации откако ќе бидат изработени.

Ќе добиете еден час пауза, но само да ви кажам дека сум известен јас како претседател и генералната секретарка и работиме на случајот. Знаете дека во законскиот рок ви беше одговорено. Вие баравте подетални информации. Информациите се изработуваат и ќе ви бидат доставени. Нема никаков проблем. Никој од ништо не бега, ниту се плаши, ниту се крие. Ќе ги добиете. Не разбирам зошто барате пауза, кога сакаме да работиме. Но, го почитувам вашето барање и ќе ви дадеме еден час пауза, рече Гаши.

седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.