НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Очекувам европратениците едногласно да ја усвојат Резолуцијата за посебноста на македонскиот идентитет и јазик

0
By Zoran Ivanov on May 28, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За прв пат пред европратениците ќе се најде извештај во кој во неколку наврати се споменува многувековниот, посебен македонски идентитет и јазик. Бидејќи, често пати е повторувано дека тоа не е проблем, често пати е повторувано дека тоа не е пречка за никого, очекувам европратениците едногласно да го усвојат овој извештај во кој што се потврдува посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик, којшто е дел од официјалните јазици на ОН и меѓународно признат и е кодифициран во 1977 година, а неговата кодификација е завршена во 1945 година и оваа година славевме 80 години од неговото кодифицирање, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за очекувањата од претстојното јулско гласање за оваа резолуција во Европарламентот.

Како што истакна премиерот, не гледа никаква пречка ако навистина сите во државата се едногласни и тоа не бил никаков проблем.

За жал, морам да кажам, дека повторно од Исток стигнуваат поинакви коментари и гласови, но да видиме како оваа целата работа ќе заврши. Јас зборував за единство, не така одамна од сега, кога го чествуваме Денот на Светити Кирил и Методиј, и тогаш кога повикував на единство мислев токму на ваков тип на единство, настрана од нашите дневни политики, настрана од нашите дневни политички разлики. Ги повикувам сите политички чинители во државата да се обединат и да почнат од денес да вртат на своите сестрински партии, кои имаат европратеници во Европскиот парламент. Знам дека опозициската СДСМ е дел од едно такво семејство и ги повикувам уште денес да почнат да вртат до своите сестрински партии. Истото и важи и за ЛДП, а ние денес како политичка партија ќе имаме ИК и на него ќе подготвиме стратегија како ВМРО – ДПМНЕ на лице место ќе испрати луѓе кои ќе бидат таму, во Брисел, за да продолжат да разговараат со европратениците и потребата од носењето на оваа резолуција, ќе повторам со којашто се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно признат и верифициран македонски јазик, додаде Мицкоски во одговорот.

Расправата за Резолуцијата во Европскиот парламент е закажана за 4 јуни, а гласањето би требало да биде во јули. 

 

идентитет Мицкоски Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.