Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повредените во „Пулс“ реагираат поради најавено заминување на докторка од Општата болница – Кочани

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 29, 2025 11:15

Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата болница со проширена дејност што ќе влијае врз анатмошниот нивен третман и лекување.

Чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега. Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни, докторката Катерина Паниќ, позната како докторка Кате, која беше наш главен доктор и поддршка во целиот период на опоравување, повеќе нема да биде дел од ЈЗУ Општата болница – Кочани. Таа заминува во друга болница, иако никој нема да може да ја замени, и ние сè уште немаме информации кој ќе дојде на нејзино место и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашето лекување, се истакнува во дописот од повредените.

Лицата кои се лекуваат во болницата во Кочани посочуваат дека се во страв и неизвесност и дека чувствуваат општа напуштеност од страна на државата во поглед на нивната нега.

Вистината е – не знаеме што нè чека утре. Никој не ни кажува кој ќе дојде после неа или како ќе изгледа нашата понатамошна грижа. Веќе се прашуваме дали пак ќе останеме сами? Повеќе не веруваме и сакаме да знаете дека не е исто. Не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка. Докторката Кате не беше само лекар, таа беше наша надеж, сила и стабилност. Начинот на кој ни пристапуваше со човечност, посветеност и разбирање не може да се замени. Во неа стекнавме длабока доверба – доверба што не доаѓа лесно кога се поминува низ период на траума и неизвесност, додаваат повредените.

Од Општата болница во Кочани информираа дека уште на почетокот од оваа година, уште пред да се случи трагичниот пожар во „Пулс“, докторката Катерина Паниќ Мирчовска поднела лично барање до Општата болница во Кочани за прекин на работниот однос, поради ангажман во градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Одлуката за прераспределување ја потпишал претходниот министер за здравство Арбен Таравари, но неговиот заменик Јовица Андовски ја запрел нејзината важност, со што докторката ќе остане во Кочани сѐ додека пациентите имаат потреба од нејзината здравствена нега.

општа болница кочани повредени пожар пулс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.