НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новата ѕвезда на политиката Илон Маск – заблеска па експлодира

0
By Zoran Ivanov on May 30, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една расправија со министерот за финансии Скот Бесент наводно се слушала низ целото Западно крило. Маск јавно го нарече трговскиот советник на Трамп, Питер Наваро, „поглупав од вреќа цигли“. Ниту автократскиот стил на Маск, ниту кредото на Силиконската долина под мотото „напредувај брзо, уривај сè пред себе“ не функционираа добро во Вашингтон.

https://www.hina.hr/

Илон Маск влезе на политичката сцена како помошник на претседателот на Соединетите Држави Доналд Трамп со моторна пила в рака. Денес, четири турбулентни месеци подоцна, токму главата на технолошкиот тајкун би можела да заврши на трупец, пишува француската новинска агенција АФП.

Трамп го нарече Маск „брилијантен“ најавувајќи дека ќе одржат заедничка прес-конференција откако јужноафриканскиот магнат ќе го напушти таканаречениот Оддел за ефикасност на владата (DOGE).

„Ова ќе му биде последен ден, но не навистина, бидејќи секогаш ќе биде со нас и ќе ни помага на секој чекор“, објави Трамп во четвртокот на својата мрежа Truth Social.

Но, топлите зборови не можеа да ги сокријат отворените фрустрации што Маск, најбогатиот човек на светот, последните недели ги изрази кон својата контроверзна улога во намалувањето на трошоците. Некогаш незаменлив дел од поставата на републиканецот Трамп, облечен во маици со кратки ракави и качкети со натпис MAGA, Маск почна да покажува сè поголемо разочарување од пречките со кои се соочува DOGE, дури и додека брутално ја кратеше американската бирократија.

Тој заминува далеку од неостварената цел за заштеда од 2 билиони долари, а магазинот The Atlantic пресмета дека заштедил само илјадити дел од тоа, и покрај тоа што десетици илјади луѓе ги изгубија своите работни места. Отсега ќе се занимава повеќе со работењето на своите SpaceX и Tesla, како и со својата цел за колонизација на Марс.

Кој високо лета

На почетокот, сè беше многу поинаку, додека 53-годишниот Маск се издигнуваше низ орбитата на Трамп со брзина на една од неговите ракети, иако е познато дека некои и експлодирале. Маск беше најголемиот донатор во изборната кампања на Трамп во 2024 година, а двајцата ги поврзуваше десничарската политика и желбата да ја искоренат расипничката „длабока држава“, како што ја опишуваа.

DOGE (Одделот за ефикасност на владата) беше на шега наречен според „мемекоинот“, криптовалутата Doge создадена според мемето на куче, но DOGE не беше шега. Младите технолошки волшебници кои престојуваа во комплексот на Белата куќа затворија цели владини оддели. Странските земји се соочија со нагло прекинување на помошта. Маск со очила за сонце на очите мавташе со моторна пила на конзервативен настан, фалејќи се колку е лесно да се заштедат пари, а направи и потег со рака кој кај многумина евоцираше нацистички поздрав.

Брзо потоа човекот кого критичарите го нарекоа „ко-претседател“ постојано беше до Трамп. Можеби оправдано, бидејќи тајкунот се појави со својот мал син по име X на рамениците за време на првата прес-конференција на Трамп во Овалната соба. Присуствуваше на состаноците на кабинетот. Тој и Трамп заедно се возеа во претседателскиот авион и хеликоптер Air Force One и Marine One. Заедно гледаа борби во кафези. Многумина се прашуваа колку долго можат да функционираат едно до друго две толку големи ега.

Но, Трамп остана јавно верен на човекот кого го нарече „гениј“. Еден ден, претседателот дури ја претвори Белата куќа во салон на Тесла откако бесни демонстранти ја гаѓаа фабриката за електрични автомобили на Маск.

Би се расправал

Меѓутоа, на социјално несмасниот технолошки могул не му беше лесно да ја сфати реалноста на американската политика. Елон Маск, кој покажуваше сè поголеми знаци на фрустрација од пречките со кои се соочува неговиот таканаречен Оддел за ефикасност на владата (DOGE), се раздели со Доналд Трамп. Почетокот на крајот „започна во средината на март кога се одржаа неколку состаноци во Овалната соба и во кабинетот каде што Елон Маск во основа се расправаше“, изјави за АФП Илејн Камарк од тинк-тенкот Брукингс институт.

Една расправија со министерот за финансии Скот Бесент наводно се слушала низ целото Западно крило. Маск јавно го нарече трговскиот советник на Трамп, Питер Наваро, „поглупав од вреќа цигли“. Ниту автократскиот стил на Маск, ниту кредото на Силиконската долина под мотото „напредувај брзо, уривај сè пред себе“ не функционираа добро во Вашингтон.

Влијанието врз бизнисот на Маск исто така почна да се чувствува. Низа лансирања на SpaceX завршија со жесток неуспех, додека акционерите на Tesla беснееја. Маск почна да размислува за повлекување, велејќи дека „DOGE е начин на живот, како будизмот“ кој ќе продолжи, но без него. Конечно, Маск ги покажа првите знаци на дистанцирање од Трамп, велејќи дека е „разочаран“ од неодамнешниот закон на Трамп за „мега“ трошење. Тој исто така рече дека повеќе нема да троши време на политика.

Крајот дојде, соодветно, со објавата на Маск во средата на X, социјалната платформа која ја купи, а потоа ја претвори во мегафон за својата десничарска политика. Но, заминувањето на Маск можеби не е крај на приказната, рече Камарк.

„Мислам дека тие искрено се сакаат, а и дека Маск има многу пари кои може да придонесат за разни активности доколку биде поттикнат. Мислам дека врската ќе продолжи“, проценува таа.

 

експлодира Ѕвезда Маск политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.