Зајечаре: Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на селото Грљан, денеска ја посети населбата Јелашница кај Зајечар каде што разговараше со жителите за нивните предлози и проблеми, а во рамките на кампањата за избор на градоначалник на Зајечар.
Претседателот најави дека по завршувањето на подготовките за Експото, ќе има предвремени избори.
Се плашам дека тие што сметаат дека имаат шанси направиле голема грешка. Ќе победиме убедливо, порача Вучиќ.