НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам

0
By Marija Todorovska on June 5, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод утрешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем и благословен празник кој ги содржи божествените настани, кои се извор на инспирација за подигнување на свеста на верникот за љубовта и посветеноста кон Семоќниот Алах.

Поглаварот на ИВЗ во пораката нагласува дека големината на овој празник се состои во фактот дека во овие денови се комплетирало објавувањето на славниот Куран, се извршува аџилакот – петтиот исламски столб, и верниците го исполнуваат својот обврзувачки чин на принесување курбан заради Семоќниот Алах.

Курбан Бајрам е израз на непоколеблива верба за жртвување на сè, па дури и на најскапоценото заради Алах – за да се покаже во пракса дека љубовта и посветеноста кон Неговата величина се над сè, исто како што постапи Ибрахим а.с., кој беше подготвен да го жртвува својот син Исмаил а.с. Институцијата на курбанот е конкретен израз на разбирање дека нема големи дела без големи напори и жртви, и дека човекот вреди онолку колку што е подготвен да го подели најдрагоценото со другите. Затоа, Курбан Бајрам не е само ден на славење, туку е празник кој го учи верникот да биде дарежлив, да го облагородува духот и срцето, да учествува во големи дела, да биде солидарен, да помага на сиромашните и немоќните, да ги зајакнува духовните и социјалните врски, да го поттикнува единството во добри и тешки моменти, и да го негува мирот, љубовта и заедништвото меѓу луѓето, вели тој во пораката.

Фетаи посочува дека сето ова покажува дека празникот не е само формален чин, туку длабоко духовна атмосфера која го всадува највисокиот степен на побожност во срцето на верникот, што е извор на сето добро во личниот, семејниот и општествениот живот.

Семоќниот Алах вели во славниот Куран: „До Алах не стигнува ниту нивното месо, ниту нивната крв, туку до Него стигнува вашата побожност”. Во време на големи предизвици, овој празник нè потсетува на неопходноста да се работи на елиминирање на проблемите со кои се соочува човештвото, да се искорени сиромаштијата и да се донесе спокој и благодет во животот. Курбан Бајрам нека биде прилика за враќање кон себеси, за избегнување на злото и за повторно посегнување кон доброто, блискоста, мирот, еднаквоста, праведноста и љубовта кон Семоќниот Алах. На крај, дозволете ми, во име на Исламската Верска Заедница и лично во мое име, да ви упатам искрени честитки по повод празникот Курбан Бајрам. Го молиме Семоќниот Алах да ги прифати вашите обожувања, курбани и добри дела, да ви подари благосостојба во вашите семејства, свест за подобра иднина и поголема близина меѓу вас. Алах да ве благослови! Среќен празник Курбан Бајрам!, посочува во пораката поглаварот на ИВЗ, Фетаи.

ИВЗ Курбан Бајрам Шаќир Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.