Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убиствените илузии на новата “нормалност”

0
By Zoran Ivanov on June 7, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 7, 2025 22:06

Со илузии се освои власта, со илузии се одржува власта. Со илузии се уништува иднината на државата. Иднината на граѓаните! Зарем сеуште со мантрата “Калимеро нема правда”, ќе се гради стратегија за иднината на оваа држава. Поголема самодеструкција од оваа состојба на духот, нема!

 Горан Волканоски

 Драги мои, дали Новата “нормалност” ве направи посреќни. Дали ги исполни вашите очекувања? Дали сега имате поголема надеж дека ќе живеете во држава која ќе ви обезбеди благосостојба и достоинствен живот?

Илузиите сеуште ни се сервираат на големо.

Милијардите не опсипуваат од сите страни, ама покачување на платите, НЕМА!

Нема ни да има. Надвор од евроинтегративните процеси, остануваме аут од реалните претпоставки кои носат прогрес и повисоки стандарди во секоја смисла. Надвор од овој процес, илузија е дека имаме шанса да ги реализираме нашите стремежи.

Се повеќе запаѓаме во апатија.

Ужасна состојба на рамнодушност и прифаќање на новата “нормалност” како судбина.

Автодеструкција на една нација на која и беше дадена шанса да стане дел од прогресивниот свет.

Повторно одиме во пресрет на уште едни “избори”. Се прашувам, која е смислата на овие избори. И на било кој избори, ако немаме свесност што избираме.

Да! ПРАШАЊЕВО навидум изгледа чудно.

Во нормални околности, би било излишно, непотребно. Нели, се знае?Локални избори би требало да се локални, парламентарни, парламентарни, Претседателски, Претседателски!?

Да, во НОРМАЛНИ, околности!

Во околности кога граѓаните нема да живеат во илузии.

Во околности кога ќе имаат реална слика за последиците од сопствениот избор.

За жал, кај нас, веќе години наназад, се убиваше реалната слика на нашите позиции како држава и народ.

На несреќата на нашите граѓани се градеше рејтинг. Се уништуваше нашата надеж, нашата перспектива и иднина само и само поради една цел. Власт!

Со илузии се освои власта, со илузии се одржува власта.

Со илузии се уништува иднината на државата. Иднината на граѓаните!

Зарем сеуште со мантрата “Калимеро нема правда”, ќе се гради стратегија за иднината на оваа држава. Поголема самодеструкција од оваа состојба на духот, нема!

Ова е само гориво на јавачите на апокалипсата на ова парче земја.

Во името на сите прогресивни сили, во името на сите оние кои го вградиле својот живот во темелите на нашата државност, покажете дека сме достојни на државноста која ја стекнавме.

Бидете одговорни во пресрет на одлуките кои ќе ги носите. Во име на жртвите. Во име на идните генерации. И во име на иднината на своите поколенија бидете креатори на нормалност која ќе ви обезбеди иднина која ја посакувате. Иднина која ќе ги реализира вашите стремежи.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

горан волканоски колумна Нова нормалност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.