Денеска во 11:52 часот ќе започне протест на членови на академската заедница од иницијативата „Универзитет Бунтовник“ пред зградата на Владата на Србија.
Протестот ќе започне со 16 минути молк програмскиот дел започнува во 18 часот. Раскрсницата во близина на Владата на Србија е веќе блокирана, пренесува Н1.
Протестот е организиран под името „Факултети на раскрсница“, а се истакнуваат три барања : распуштање на Работната група за изготвување на новиот Закон за високо образование и отворање јавна, инклузивна дискусија, потоа откажување на незаконските измени на Правилникот за стандардите за работа на универзитетите и отстранување на нивните последици, како и усвојување на буџетски квоти за прием на факултетите најдоцна до крајот на јуни.