Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обновени просториите за издавање пасоши и лични документи во Скопје

0
By Marija Todorovska on June 10, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 10, 2025 15:33

 Реконструираното Одделение за управни работи – Скопје, кое се наоѓа во зградата на МРТВ, денеска е пуштено во употреба. Обновата на просториите – приземје и кат, со вкупна површина од 2.300 метри квадратни, е вредност од 48.000.000 денари. Завршена е првата фаза на проектот, реконструкција на најголемиот дел од приземјето од 1.300 метри квадратни.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека оваа есен се очекува да отпочне и втората фаза на реновирање на дополнителни 1.000 метри квадратни со што ќе се заокружи овој процес, изразувајќи уверување дека нема повеќе да се повторат оние турканици, метежи што се случуваа во минатото.

Веќе нема да има хаос, неред и граѓани со нарушено достоинство кога е потребно да се извади личен документ или која било услуга што ја дава овој оддел. Целта на реконструкцијата е граѓаните да имаат можност за брзи и ефикасни услуги, да го штедат своето време и сето тоа да биде на достоинствен начин како што заслужува секој македонски граѓанин. Со реконструкцијата и реновирањето засега се опфатени 20 т.н. кабини за сликање кои ќе извршуваат повеќе работни функции и ќе даваат повеќе услуги на граѓаните. Реконструирана е големата шалтер сала која во наредниот период ќе ги опслужува граѓаните во делот на издавањето на пасошите по итна и редовна постапка, личните карти по итна постапка, возачките дозволи, уверенија за државјанства заедно со сите останати постапки во врска со барањата за прием и отпуст од државјанства, промена на лично име и други, како и услуги од областа на возилата, потенцира министерот Панче Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Тошковски истакна дека во текот на летниот период нема да има метеж за вадење лични документи и оти МВР ги има потребните капацитети за да може да им одговорат на потребите на граѓаните.

 Многу е преземено во изминатава година. Ова е еден од оние објекти што ги ставаме во функција во интерес на сите граѓани, како оние што живеат во Македонија, така и за оние кои се надвор од државата. Повеќе од 200 илјади граѓани ќе можат во рамки на своите општини да ги извадат сите потребни документи како лична карта, пасош и возачка дозвола, рече Тошковски.

Тој посочи дека особено е значајно за луѓето кои живеат надвор од Македонија. – На пример, печалбарите од липковскиот крај нема да има потреба повеќе да одат во Куманово и таму да ги вадат личните документи, туку во рамки на полициската станица што ја имаме во Липково, рече министерот за внатрешни работи.

Потенцира дека веќе во шест општини се отворени вакви служби, со цел да се растоварат поголемите градови и да бидат поблиску до граѓаните.

Ги зголемивме капацитетите на вработени во рамки на управните служби, ставени се во функција поголем број кабини, отворени се поголем број локации каде граѓаните ќе можат да пристапат. Нема да имаме гужви. Ќе биде зголемен обемот на корисници во делот на управните служби, но ги имаме потребните капацитети за да можеме да одговориме. Ветувам дека оној хаос кој што го гледавте, сега нема да го има, истакна Тошковски.

МВР Мицкоски мртв Тошковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.