НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Селотејп

0
By Zoran Ivanov on June 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генетските, односно биолошките и културолошките потенцијали на кои можеме да сметаме во обновата на нацијата и државата во присуство на вмро како идентитетски селотејп, се сведени на еден градус над нулата. Катастрофа!

Бранко Тричковски

Единствената врска меѓу луѓето што до неодамна беа Македонци, не само според своето лично чувство, туку и поради магијата на заедницата која му даваше на тој идентитет квалификувана каквост, е селотејпот на вмро кој ги фиксира во неразделен, нескршлив и неподвижен пакет кој плута во океанот на историјата чекајки да го открие некој свет што ќе им даде гаранции.

Пред да се исподават.

Хахаха!

Се покажа дека во таканаречениот македонски корпус доминираат комити кои вмрото го примаат како омега три масни киселини со мајчиното млеко.

Тоа е.

Вмро не прави од Македонците идиоти, тој е само медиум кој им овозможува да се ослободат од тесното и строго одело на нацијата.

Како нешто наметнато и неприродно.

Неисцицано од градите на мајките.

Во маса која на државата гледа како на гумно за зурли, тапани и ора.

Низ чашка за гради број три.

Криптон го гледаат низ толкаво цамче.

Лепота!

Што значи дека поединците кои реално и нормално гледаат на себе и на светот се поретки отколку златните грутки во Анска река.

Генетските, односно биолошките и културолошките потенцијали на кои можеме да сметаме во обновата на нацијата и државата во присуство на вмро како идентитетски селотејп, се сведени на еден градус над нулата.

Катастрофа!

Ова е објективна анализа, не е тоа никаков фатализам.

Толкави, ако не и помали, на почетокот биле шансите на сите што се нафаќале со големи теми и проекти.

Јас сум разочаран од луѓето, остер сум во оценките, но не ги отпишувам во врска со изгледите за некои нови перспективи.

Вистината е нужна и е исцелителна.

Катарзична.

Таа е неспоива со типови каков што е вршителот на должноста премиер.

Со вмро- дпмне.

И со вмро воопшто.

Затоа вреди да продолжиме да го бараме златото во реката на животот.

Ќе најдеме прекрасни луѓе.

А и тие можат да не најдат нас.

Овие лепешки што комитите ги лепат врз нашата заедничка куќа се тешка срамота.

И вморонската опција ќе си ја исчука главата од плафонот на времето и можностите.

Тоа е така нормално.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски колумна селотејп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.