НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници, училиштата да ги пријават оштетените за да бидат заменети

0
By Marija Todorovska on June 11, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници.

На прес-конференција таа рече дека деновиве прима многу поплаки од родители кои се пожалиле дека на нивните деца им биле дадени оштетени учебници, некои и со пообемно оштетување. Потсети на законската обврска секое училиште да формира комисија која ќе ги провери учебниците што ги враќаат учениците од претходната година, да процени дали се во добра состојба за да им се предадат на следна генерација ученици или треба да бидат заменети.

Под надзор на директорот на училиштето, таа комисија треба да ги издвои настрана оштетените учебници и потоа од МОН да побара тие учебници да бидат обновени односно да се обратат до Педагошката служба и во отворен електронски систем да пријават колку учебници им недостигаат за ние да може да набавивме нови учебници. За жал, во изминатите години властите, исто така, се соочувале со овој предизвик и тој постојано не бил решаван. Овојпат јавно се обраќам до сите дека МОН и Педагошката служба имаат издвоено средства за сите оштетени учебници да бидат заменети за учениците да не бидат демотивирани дека им фалат страници и да не можат да прочитаат, па и наставниците да се чувствуваат исто така, рече Јаневска.

Оштетени учебници се пријавуваат во текот на мај, а Педагошката служба го продолжила рокот. За разлика од лани, пријавени се трипати повеќе оштетени учебници за кои е потребна замена, односно 18 000 наспроти 6000. Доколку има потреба, системот за пријавување повторно ќе биде отворен за да биде дополнет тиражот за обнова на учебници.

Замената на овие, засега 18 000 учебници, се дел од над 500 000 учебници што ги обезбедува МОН за сите предмети во основното и во средното образование. Годишно, во просек, за набавка на учебници Министерството издвојува околу 660 милиони денари.

Јаневска на прес-конференцијата соопшти и дека на 1 септември ќе ги има сите учебници, вклучително и за странски јазици од прво до деветто одделение. За седмо одделение ќе има учебници по нова програма откако беа направени измени на Концепцијата  и предметите, како историја и географија, хемија и физика, на барање на наставниците и родителите, се учат издвоено наместо интегрирано.

Оваа година ќе има полн тираж за седмо одделение во целата држава, нови учебници по нова програма. Нови учебници по нова програма ќе има и за први клас гимназиско образование.  Тие процедури се при крај и веќе сме подготвени да почнеме со се што е потребно за на 1 септември училиштата да бидат спремни, истакна Јаневска.

МОН во текот на летото, рече, ќе работи опсежно и нема да користи годишни одмори затоа што најмногу обврски има токму во летниот период – „печатење, откуп на учебници, уписи во средните училишта, квотите на факултетите“. Порача дека МОН им е на располагање на директорите, на наставниците и на високото образование доколку имаат какви било потреби за комуникација.

На учениците им посака пријатен одмор со порака „забавата да биде балансирана со читање лектири, со обновување материјал што не бил совладан и, евентуално, со подготовка на следната година“.

Јаневска посочи и дека во учебната година што заврши, за околу 17 000 е помал бројот на основци и средношколци отколку пред седум години, што најмногу се должи на иселувањето. На странски универзитети студираат околу 5000 македонски студенти.

Јаневска летен распуст МОН учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.