НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напуштениот „Купром“: Сцената е поставена за нови згради

0
By Marija Todorovska on June 11, 2025 ТЕМА
Фото: Нова
Фото: Нова
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стана пракса станбени комплекси да никнуваат на местото на напуштените фабрички простори во Скопје.

Антонија Јаневска и Марија Тодоровска

Од таваните висат железни шипки, опасно закривени надолу како закана за секој што ќе се осмели да влезе. Чекорите се проследени со крцкање на скршеното стакло по подовите, а некои делови се непристапни поради купиштата урнатини и отпад.

Вака изгледа просторот на поранешната фабрика „Купром“ во скопската населба Хром, лоциран крај реката Вардар. Запуштен е триесетина години откако во средината на деведесеттите години на минатиот век, фабриката отиде во стечај.

Од некогашните индустриски погони, денес останале само полуурнати објекти.

Ретките иницијативи да заживее просторов како јавна површина, од корист за сите граѓани, не се реализираа. Идејата за културен центар пропадна во ковид-пандемијата.

„Купром“ – во близина на населбата Хром

Локацијата била мета на интерес на инвеститорите во минатото, меѓутоа новото истражување на БИРН покажува дека постојат почетни услови таму да никнат нови станбени згради.

Имено, четири од дотраените објекти на некогашната фабрика, од лани се во косопственост на градежна компанија и на фирма што изнајмува недвижности, со што си обезбедиле пол-позиција при првата можност за инвестиција на тоа место.

И големиот урбанистички план е на нивна страна.

Комплексот на „Купром“, во генералниот урбанистички план е означен како подрачје за домување, кое треба само поконкретно да се уреди со општински ДУП (детален урбанистички план).

Општинските власти во Ѓорче Петров, во комуникација со БИРН, беа резервирани околу плановите за овој простор што се протега на 21.000 квадратни метри претежно државно земјиште. Го чекаат новиот ГУП, кој е во изработка, меѓутоа истовремено се свесни дека е неизбежен компромисот со градежниците.

Пропаднаа идеите поранешната фабрика да стане културен простор | Фото: БИРН/Емилија Петреска

Сопствениците на обете фирми, кои ги контактиравме, исто така не дадоа конкретни одговори околу плановите за фабричкиот простор.

Во меѓувреме, пракса стана старите индустриски простори во Скопје да се претвораат во станбени комплекси.

На местата каде што некогаш работеа фабриките „Алумина“, „Треска“, „11 Октомври“ и „Цветан Димов“, денес делумно или целосно никнуваат станбени комплекси. Урбаната трансформација на овие простори почна со различно темпо – некаде градежните активности сè уште траат, додека на други локации веќе се издигнати нови згради.

Процесот не помина без реакции во јавноста: уште при првите најави за интервенции, се појавија негодувања поради недостиг од транспарентност во одлуките и постапките.

Неизбежен компромис меѓу градежниците и општината

Внатрешноста на дотраените фабрички погони | Фото: БИРН/Емилија Петреска

Оглас за продажба на пакет-објекти од фабриката „Купром“, како дел од стечајна постапка, за првпат е објавен на системот е-аукција на Централниот регистар во 2017 година со јавно наддавање.

За е-аукцијата од 2017 година нема јавно достапни информации дали, кој и колку објекти купил, меѓутоа, според медиумските известувања, во март 2024 година имало уште едно јавно наддавање. Овојпат на продажба биле ставени пет од објектите на поранешната фабрика.

Според објавените информации, кои ги проверивме во Катастар, велешката фирма „Пескара вел“ и „Елиса-плус“ од Скопје купиле четири објекти, кои вкупно се простираат на околу 1.100 квадрати. Бргу потоа го зеле и земјиштето под објектите.

Фирмите не ни ја открија цената што ја платиле за дотраените згради.

„Пескара вел“ е фирмата што го гради станбениот комплекс „Урбан хоумс“ во Велес, кој опфаќа две згради со 160 станови, додека „Елиса – плус“ е регистрирана како фирма за издавање имот и преку платформата Букинг огласува апартмани во строгиот центар на главниот град.

Сопственикот на „Пескара вел“, Јосиф Манев вели дека не му се брза.

„Општината нема ДУП, јас не вршам притисок никому, за ништо. Како ќе реши општината, така. Кога регуларно ќе ми се даде понуда, тогаш ќе разговараме“, вели тој во изјава за БИРН.

Просторот во ГУП-от има ознака А – подрачје за домување

Сопственичката на „Елиса – Плус“, Елена Коцевска-Груевска, пак, инсистираше на комуникација по е-пошта, но не ни го кажуваше имејлот. Нè упати да го најдеме од податоците за нејзината фирма во Централниот регистар.

На прашањата што ѝ ги пративме на имејл одговори само дека неодамна станала косопственик на објектите и сѐ уште не одлучила какви активности ќе преземе.

Од секторот за урбанизам на Општина Ѓорче Петров велат дека немаат изработено Детален урбанистички план, ниту е во процес на подготовка, бидејќи го чекаат ГУП-от на Град Скопје.

Како што ни кажаа, земјиштето, поради близината до коритото на реката Вардар, не е соодветно за згради. За тоа е свесен и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, меѓутоа, тој, во изјавата за БИРН, ја коментира и реалноста дека приватници поседуваат имот на тој простор.

„Треба да се направи компромис со сопствениците и кога се работи на ваков тип земјиште е комплицирано, а од друга страна и сѐ зависи од новиот ГУП, кој не знаеме во која фаза е.“

Од Град Скопје нè известија дека постапката за новиот ГУП е почната.

Реалноста е дека инвеститорите што ги поседуваат овие парцели имаат значителна предност. Не е исклучено дека во блиска иднина, општината ќе мора да се соочи со нивните интереси и да ги прифати нивните барања за изградба.

Градежници на пол-позиција

Кој ќе помине прв низ портата на некогашната фабрика? | Фото: БИРН/Емилија Петреска

Кога ќе биде готов новиот ГУП на Скопје, општината по сопствена, но и по иницијатива на инвеститорите ќе може да го направи ДУП-от и тогаш сопствениците на објектите ќе можат да откупат и дел од државното земјиште околу фабриката.

Според законската можност за откуп на државно земјиште, ако некој има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела, која е веќе предвидена за домување со урбанистички план или планска документација, тој има право да ја оформи градежната парцела и да го откупи и остатокот од земјиштето.

Така, сопствениците на дел од поранешната фабрика, иако сега поседуваат само дел од објектите, имаат можност да купат и од околниот простор – доколку планот остане со намена за домување.

Стана пракса старите фабрички погони да се трансформираат во станбени комплекси | Фото: БИРН/Емилија Петреска

Граѓаните што живеат во близина се против нови згради, а на таа линија се и пазарната и урбанистичката логика.

На површина на Скопје, според Макстат базата на Државниот завод за статистика, има 59.300 ненаселени станови, од кои над 4.500 се во Општина Ѓорче Петров.

Во последните две децении, Скопје доживеа значителна урбанизација, при што на местото на некогашните куќи и нискоградби, изникнаа стотици згради. Тоа доведе до значителни последици, како што се згуснат сообраќај, недостиг од паркинзи и зеленило, но и зголемено загадување.

Текстот е сопственост на Призма 

ГУП ДУП Ѓорче Петров згради купром Фабрики хром
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.