Бони Тајлер, 61-годишната велшка пејачка, најпозната по својот хит од 1983 година „Total Eclipse of the Heart“, ќе ја претставува Велика Британија на Евровизија оваа година.
Тајлер во Шведска ќе ја испее композицијата насловена „Believe In Me“, моќна балада која беше снимена во Нешвил.
Големита коса, ватираните раменици и зарипнатиот вокал се адутите на Тајлер за која најверојатно ќе гласаат носталгичните по 80-тите години.
По изборот за претставник за Евровизија, Тајлер, изјави: “Јас сум навистина почестена и задоволство ми е што ми е дадена можноста да ја претставувам мојата земја на Евровизија, а особено со таква прекрасна песна. Ветувам дека ќе дадам се’ што имам за Велика Британија.“