Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Еве зошто владата на Мицкоски е авторитарна

0
By Zoran Ivanov on June 11, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 11, 2025 19:34

СДСМ попладнево издаде уште едно соопштение за јавноста, во кое му одговара на прашањето на премиерот Мицкоски, кого претходно го обвинија дека предводи „авторитарна влада“.

Премиерот Мицкоски денеска праша по кои одлики неговата влада Филипче ја дефинирал како авторитарна, па еве да одговориме. За една година на власт, ВМРО-ДПМНЕ изврши длабока партизација на сите независни институциите. Партиски војници се именуваат како директори, советници и управни одбори, претворајќи ги институциите во продолжена рака на партијата. Се стави јавното обвинителство и судството под целосна контрола. Во моментов не се води ниеден случај против актуелни функционери, ни за Кочани, ни за сите скандали, како местените тендери во МВР и другите министерства. За судии се бираат сопрузи, баџанаци и братучеди на функционерите од власта. Мицкоски веќе започнува со закани кон новинарите кога е прашан незгодно прашање. Последниот пример со новинарката на „Ал Џазира“ покажува јасна нетолеранција кон медиумска критика. Дополнитлено, се плаќаат медиуми кои ја пропагираат работата на владата преку компании од Унгарија. Се етикетира и напаѓа секој кој ќе го дигне гласот против власта, последен пример се синдикатите. Мицкоски се обидува да ги подели, да воспостави свои паралелни организации кои ќе му служат, исто како во времето на Груевски, велат од опозициската партија.

По доаѓањето на власт, започнаа реваншистички смени во администрацијата и притисоци врз локални власти каде ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство. Се враќаат пракси на институционален прогон, какви што гледавме во времето на Груевски. Луѓе кои со години чесно работеле се деградираат, навредуваат и маргинализираат. Дебатата и функционалноста на Собранието е укината. Пратениците се претворени во гласачки машини и секој закон се носи по скратена постапка. Не се прифаќа ниеден амандман на опозицијата дури и кога тие амандманни се сосема логични и во интерес на граѓаните. Во само неколку месеци, владата предложи серија закони со директни последици по правниот поредок и финансиската стабилност, без јавна расправа. Автократските влади не бараат одобрување, тие само издаваат наредби. Без никаква дебата се доенсува одлука за задолжување на државата за седум милијарди евра. Авторитарните лидери како Мицкоски сметаат дека државата е нивна своина па имаат право да задолжуваат три поколенија, додаваат од СДСМ.

авторитарна Влада ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.