Соработката со пратеничката група мора да биде приоритет. Постои постојана координација помеѓу ПГ и раководството и дебата за сите отворени прашања, како основа за рефлектирање на политиките на партијата во јавноста. Искуството кое го носат со себе најголемиот дел од нашите пратеници помага во конзистентност и единство, особено при носење на важни законодавни прашања и поддршка на процеси кои се од интерес за државата.
За незадоволството кај одредени членови во СДСМ и реакциите на дел од членовите на партијата, сметам дека постојат тела во партијата каде треба да се кажат кои се корените на истите, и да се престане со квалификации, јавни препукувања и изразувања на незадоволство преку социјалните медиуми, вели Каја Шукова потпретседателка на СДСМ и партиски кандидат за градоначалничка на Скопје во интервјуто за Нова тв кое редакцијата ќе го објави напладне во рубриката „Тема“.