Лариса Дир: За време на Самитот разгледавме широка агенда за зајакнување на регионалната безбедност, вклучително, но не ограничувајќи се во регионот на Црното Море,отпорноста и соработката. Приоритети беа: безбедноста, спречување на хибридни закани, трговијата итн, напиша амбасадорката. На Самитот од сите други учесници, освен од српскиот претседател Александар Вучиќ, беше потпишана заедничка Декларација која ја осудува нелегалната агресија на Русија, повикува на целосно повлекување на руските сили од Украина и ја потврдува поддршката за територијалниот интегритет на Украина.