ЈАСПЕРС има одбиено повеќе проекти од Балканските земји, за голема среќа на државите, а можеби несреќа на нивните неспособни и корумпирани влади.
Постои многу едноставен и бесплатен начин за евалуација на предложените инфраструктурни проекти на нашата Владата. За тоа служи JASPERS (Joint Assistance to Support Projects in European Region – https://jaspers.eib.org ), односно Здружената помош за поддршка на проекти во Европскиот регион. Помошта за земјите-кандидати во ЕУ, меѓу кои и Македонија, е бесплатна!
ЈАСПЕРС, партнерство финансирано од Европската Комисија (ЕК) и Европската Инвестициска Банка (ЕИБ), советува околу стратегиите и проектите коишто придонесуваат за поеколошка, подобро поврзана и поиновативна Европа. Нивната поддршка им помага на земјите да ги прилагодат проектите на највисоките ЕУ стандарди, зголемувајќи им ги шансите за добивање финансирање од ЕУ и ЕИБ.
Доколку Владата има чесни намери, задолжително мора да побара БЕСПЛАТНА и НЕЗАВИСНА економска физибилити студија, за да се спречи влегување во нов губитен проект, што најверојатно ќе ни донесе загуба од најмалку 3 милијарди евра. До денеска ЈАСПЕРС има одбиено повеќе проекти од Балканските земји, за голема среќа на државите, а можеби несреќа на нивните неспособни и корумпирани влади.
Ние, инженерите на Македонија, нудиме помош заеднички да го составиме писмото до ЈАСПЕРС, каде ќе ги изнесеме сите клучни факти, вклучувајќи го прометот на пругата, трошоците за изградба и експлоатација, изгубениот профит поради упропастувањето на стратешкиот енергетски проект Вардарска Долина со 12 хидроцентрали и состојбата на јавниот долг и буџетскиот дефицит на земјата.
Ако ЈАСПЕРС потврди дека брзата пруга е економски физибилен проект, тогаш би добиле кредит од ЕИБ со камата од само 1,5%-2%, наместо со 7% од британскиот UKEF, вклучувајќи ја премијата за ризик и каматната стапка на британските фунти.
Ако пак добиеме негативен извештај, редно е да си поднесат оставки и да ветат дека 10 години нема да се занимаваат со политика.
Од Фејсбук ѕидот на авторот