НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Бисер на македонската музичка култура“, пијанистот Дино Имери одржа концерт во Виена

0
By Marija Todorovska on June 16, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот пијанист Дино Имери одржа концерт во Виена. На сцената на престижниот „Бехштајн Центрум“, Имери за првпат настапи пред виенската публика, изведувајќи го „Голдберг варијации“ од Јохан Себастијан Бах. Концертот беше проследен од бројни љубители на музиката, меѓу кои и истакнати уметници и музички професионалци.

Иако дебитант во овој реномиран културен простор, Имери беше дочекан со ентузијазам и искрено воодушевување. Публиката возврати со долготрајни аплаузи, а уметникот им се заблагодари со извонреден бис – виртуозна изведба на „Прелудиум и Пајдушка“ од македонскиот композитор Живоин Глишиќ.

Концертот, кој се одржа на 13 јуни, беше организиран од Амбасадата на Република Северна Македонија во Виена, со поддршка од Македонско-австрискиот бизнис клуб и компанијата SSB Infrastructure-Austria.

„Овој концерт го подготвував со огромна мотивација и љубов, знаејќи дека настапувам во градот на Моцарт, Бетовен, Брамс… Но не можев ни да претпоставам дека ќе бидам пречекан со толку топлина и искрени аплаузи. За мене, ова беше остварување на еден голем сон, резултат на долгогодишна посветеност и труд“, изјави Имери по концертот.

На отворањето, пред присутните се обрати македонскиот амбасадор во Виена, г. Освит Росоклија, кој го нарече Имери „бисер на македонската музичка култура“.

Тој подвлече: „Вечерва не само што сме овде за да го доживееме мајсторството на еден исклучителен уметник, туку и за да ја прославиме универзалната сила на музиката. Дино Имери е вистински амбасадор на нашата култура. Неговите настапи не се само концерти, туку емоционални патувања, музички приказни раскажани со исклучителна уметничка длабочина.“

Концертот на Имери во Виена веќе резултираше со нови покани за настапи во Австрија и други значајни европски и светски музички центри.

бах Виена Дино Имери концерт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.