НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

0
By Marija Todorovska on June 18, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од две години траеше политички мотивираниот судски процес, против претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, новинар и бранител на човековите права, Џабир Дерала, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, сега премиер на Република Северна Македонија, а кој го водеше неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тие поднесоа тужба за клевета против нашиот колега и тоа за текст преземен од други медиуми. Овој судски процес конечно ја дочека својата завршница откако Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд во Скопје во корист на тужителот.

Овој судски процес е флагрантен доказ дека актуелниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува практиката на својот претходник, при што се потврдува тесната врска помеѓу власта и судството. Со ова се поткопуваат медиумските слободи и слободата на изразување, и се пренесува јасна порака до медиумите, уредниците и новинарите дека државата се движи кон медиумски мрак. Судски прогон, притисоци, закани и кампањи за валкање се „обезбедени“ за сите што не се однесуваат според „правилата“ на власта.

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара почитување на демократските вредности и човековите права и слободи, принципи во кои длабоко се вкоренети и слободата на изразување, медиумските слободи и правата на медиумските работници и застанува силно против секаков вид закани и задушување на фактите и вистината.

Во општество каде што политичарите се обидуваат да го замолчат секој критички глас, нашата должност е да зборуваме уште погласно. Замолчувањето е алатка на стравот, но вистината не препознава тишина. Новинарите и активистите не се непријатели, тие се чувари на демократијата. Без слободен збор, нема слободна држава.

Ние стоиме јасно на ставот дека оваа пресуда не е само обид да се замолчи Дерала, туку обид за замолчување на новинарите, активистите, јавните интелектуалци и креаторите на јавното мислење, како и секој човек што го користи јавниот подиум да проговори против неправдите.

Политичарите како Мицкоски и Тошковски кои се плашат од јавна критика не градат држава – тие ја распарчуваат. Тие не сакаат вистина, туку тишина. Но слободата не живее во тишина – таа живее во гласноста, во храброста да се каже тоа што не сака да го слушне врвот на власта.

ЦИВИЛ го поддржува Дерала во континуираната борба за слобода на изразување, бидејќи тоа е борба за достоинство, за правда, за иднина. Да молчиме значи да се откажеме од сопствениот глас. А кога новинарите и граѓанските активисти молчат, лагата зборува во нивно име. Затоа, нема да дозволиме ниту еден властодржец да ни го одземе правото да зборуваме – зашто тоа е првиот чекор кон одземање на сите други права.

Слобода на изразување е темел на секое демократско општество. Таа не е луксуз, ниту подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек.

 

слобода на изразување Цивил Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.