Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Онкологија“: Обвинителството бара притвор за Нехат Нухи

0
By Marija Todorovska on June 20, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 20, 2025 15:37

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Обвинителството бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, поради опасност од бегство, додека Нухи вели дека е невин и побара од судот да се брани од слобода.

Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека првостепениот суд при одредување на мерката притвор од 30 дена ценел дека во моментот на одлучување присуството на осомничениот може да се обезбеди со мерка куќен притвор.

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, објаснувајќи го предлогот за ефективен притвор рече дека притвор не се определува само ако постои бегство надвор од Македонија, туку и ако постои опасност од криење на осомничениот на територија на државата.

Имајќи го предвид видот, карактерот и последиците од кривичните дела кои му се ставаат на товар и дека е оштетен буџетот во висина од 2.2 милијарди денари постои оснивано сомневање дека може да се даде во бегство. Сметаме дека постои основ за определување на мерка притвор, изјави Фетаи.

Обвинетиот Нехат Нухи пред судот рече дека е татко на три малолетни деца, со мајка што има навистина сериозно нарушување на здравјето и дела активно работи како адвокат и има предмети.

И хипотетички, јас никогаш не би се дал во бегство, затоа што верувам дека сум невин и ќе се борам до крај правдата да биде задоволена и за мене да има ослободителна пресуда, изјави Нухи.

Неговата адвокатка Анита Бегова, во однос на зголемениот ризик за определување мерка притвор, рече дека против Нухи имаме обвинителен акт, кој може да биде и одбиен и дека целта за барање ефективен притвор е само да не може да подготви квалитетна одбрана.

Претходно имаме искуство со мерки кои Нухи доследно година и пет месеци целосно ги испочитува. Не постои основ дека делото ќе го повтори, затоа што не е повеќе директор. Има три деца, и се грижи за својата мајка. Не е имотен за да си прушти бегство и криење во странство, изјави Бегова.

 

Нухи Онкологија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.