Дејан Трајковски: При просечен проток од 174 m³/s во текот на една календарска година (31,5 милиони секунди) Вардар може да наполни волумен од 5,4 милијарди m³, што е за 2,5 пати повеќе од сегашниот волумен на водата во Преспанско Езеро од околу 2,1 милијарди m³.
Засега само 25% од хидропотенцијалот на Вардар е искористен за производство на електрична енергија, а со проектот „Вардарска Долина“ би бил речиси целосно искористен. На Македонија секоја година и истекуваат низ Вардар најмалку 125 милиони евра чист и безризичен профит, а од друга страна мора да увезува скап грчки јаглен и скапа електрична енергија, особено во зима.
Извор: Фејсбук