Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештајот во ЕУ: Пирова победа?

0
By Marija Todorovska on June 27, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 27, 2025 12:30

Подигнувајќи ги очекувањата за дипломатска победа доколку се усвои целосно оваа верзија на извештајот, дали самите си поставуваме стапица дека ако не се усвои тоа би било дипломатски пораз? 

Петар Арсовски

Многу врева се дигна околу усвојувањето на извештајот за Македонија во Eвропскиот парламент. Толку, што го подигнавме на ниво на една исконска, монументална борба за битието на нашиот идентитет. Не сум сигурен дека големите очекувања и надежи, кои ги „товариме“ на овој извештај, имаат објективна реална поткрепа. Се плашам дека изедначувањето на извештајот со „ќе нѐ биде или не“ во смисла на идентитетот, може за нас, дури и ако се изгласа извештајот, да се покаже како пирова победа. Мислам дека постои ризик дека се обидуваме да поправиме нешто што не е расипано, и дека можеби ќе си поставиме дипломатска стапица за идните документи во ЕУ.

Првото поминување на извештајот на комисијата (АФЕТ), за нас значи шанса за нова борба, на пленарната седница, за усвојување на вординг кој нам ни одговара. Ако во тоа успееме, тоа секако ќе биде еден вид дипломатска победа, но дали со таквата победа во оваа битка, може да ја загрозиме целата војна. Имено, статусот на македонскиот јазик во односите со Бугарија е проблематичен подолго време. Не е голема тајна дека за Бугарија, посебноста, и етно- историографската генеза на македонскиот јазик отсекогаш била спорна. Така, во претходните билатерални документи (договорите за добрососедство), јазикот се дефинираше како „македонски јазик согласно Уставот“, имплицирајќи дека нашиот јазик постои исклучиво како политички конструкт, и дека има политичка, а не културолошка генеза. Тоа се смени во преговарачката рамка, каде тоа дополнување „согласно Уставот“ се избриша, и добивме „чиста“ формулација на „македонски јазик“ без дообјаснувања. Точно е дека на таа преговарачка рамка Бугарија даде унилатерална изјава, но таа стоеше само во записникот, а и самата Бугарија гласаше за преговарачката рамка со „македонски јазик“ без додавки. Со таква позиција, на македонски јазик, потоа го потпишавме и договорот за Фронтекс.

Раст на тензиите

Токму затоа, имајќи предвид дека поновата позиција за јазикот, онаа која се наоѓа во преговарачката рамка, повеќе или помалку ни одговара, се прашувам зошто повторно ја отвораме таа дебата? Зошто поправаме нешто што не е расипано? Имајќи предвид дека на Балканот, ако за нешто почнеш да се дообјаснуваш, ќе ги потрошиш следните пет децении на дообјаснување, не знам зошто сами ја отвораме оваа дебата, во која ќарот е релативно мал, а ризикот голем.

Прво, мислам дека со последниве потези, од еден технички, административен документ – каков што е извештајот, постои ризик тој да прерасне во проблематичен политички инструмент, на кој ќе се кршат копјата отсега, па во следните години, секој пат кога ќе треба да се усвои неговата најактуелна верзија. Подигнувајќи ги очекувањата за дипломатска победа доколку се усвои целосно оваа верзија на извештајот, дали самите си поставуваме стапица дека ако не се усвои – сценарио кое воопшто не е невозможно – тоа би било дипломатски пораз? Мислам дека ја пренагласуваме улогата и значењето на формулациите во тој формат, и од поминувањето правиме преголем влог, нешто што не соодветствува со реалната политичка тежина на овој документ. Со ваквите потези, мислам дека тензијата на сите страни ќе се подигне, и ќе се соочиме со политички притисок секој нареден пат кога истиов формат ќе се најде пред европарламентарците, нешто што претставува политички ризик. Дополнително, го електризираме целиот амбиент, активирајќи ја „другата страна“ да се постави во гард, и влегуваме во нова дипломатска ескалација.

Цената на „победата“

Дури и да „победиме“, и извештајот да се усвои со сегашниот вординг, проблематично е каква би била реалната долгорочна политичка придобивка од таквиот маневар. Извештајот не е местото каде се дефинира односот на ЕУ кон нашиот јазик и идентитет – преговарачката рамка е секако постратешки документ во таа смисла. Оттаму,  се плашам дека со овој пристап, ја преместуваме борбата на погрешна арена: во технички документи наместо во стратешки пристап, и на ситни, симболички битки, додека вистинската војна ја игнорираме. Нашата стратегија не треба да биде да ги дообјаснување и поправаме позициите кои ги имаме, (па дури и ако во нив има еден вид „креативна неодреденост“, толку својствена за вордингот на ЕУ) туку да градиме нови, подобри позиции. Ако ние ја раситниме борбата на вакви микро битки, ризикуваме да се изгубиме во пресингот по ходниците на бриселските административни лавиринти.

На крајот, вревата која се создава од овој, во основа симболичен, вординг, ќе ги радикализира позициите на двете страни. Во ситуација кога имаме доволно причини да се мразиме, не знам дали овие ситни, тлеечки конфронтации ќе ни донесат ќар. Хистеријата со која овој маневар беше дочекан во Бугарија, говори за тоа дека сите дипломатски напори ќе бидат вложени во иднина да се избегне ваков исход во било која форма. Ова има смисла само ако сме навистина подготвени во следната деценија да не правиме ништо друго освен да се „дрибламе“ со Бугарија на меѓународната арена, на секое поле, за секој документ, до бесвест, и во недоглед. Тоа можеби ќе создаде некаков повод за транзиторно удирање во гради дома, но за било кое друго сценарио, оваа авантура ќе беше подобро да ја избегневме.

Текстот е сопственост на Дојче Веле

 

Бугарија ЕУ Извештај Петар Арсовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.