Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан

0
By Marija Todorovska on June 27, 2025 ВЕСТИ
Фото: European Commission
Фото: European Commission
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 27, 2025 12:58

Еврокомесарката за проширување Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје ќе има средба со лидерите на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски, посветена на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот на ЕУ за раст за регионот.

Како што соопшти денеска Европската комисија, покрај премиерот Мицкоски на средбата со Кос ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Во најавата се посочува дека Планот за раст за Западниот Балкан нуди придобивки за шесте земји кои се подготвуваат за членство во ЕУ, па на состанокот ќе биде разгледан напредокот и ќе се дискутира за следните чекори во неговото проведување.

Лидери ќе работат со комесарката Кос за да ги претворат обврските во акција, фокусирајќи се на критични реформи за ослободување на средствата во рамките на Планот за раст и за обезбедување видливи придобивки за граѓаните на земјите кандидати уште пред зачленувањето (во ЕУ), се наведува во соопштението.

Европската комисија наведува дека Самитот ќе биде можност и да се разговара за соработката меѓу шесте земји во области како што се заштитата на потрошувачите, туризмот и единствениот регионален пазар, со цел унапредување на економската интеграција на Западниот Балкан во Единствениот пазар на ЕУ.

Како дел од дискусиите, Комисијата ќе предложи и инвестициски пакет од 87,7 милиони евра во рамките на постојната Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ). Се очекува овој пакет да привлече речиси половина милијарда евра приватни инвестиции во проекти за чиста енергија низ целиот регион, се додава во најавата.

Планот за раст на Западниот Балкан, кој го промовираше Европската комисија во октомври 2023 година, има за цел да го поттикне економскиот раст на регионот и да им помогне на западнобалканските земји да се приклучат кон ЕУ.

Тој предвидува средства од шест милијарди евра за финансирање на реформи и инвестиции во области, како што се енергетиката, транспортот и дигиталната трансформација. Целта на овие средства, кои ќе се исплаќаат во форма на грантови и позајмици под поволни услови, е зголемување на просперитетот и стабилноста на регионот на Западниот Балкан.

ЕУ Западен Балкан Марта Кос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.