Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џозеф за ЦИВИЛ: НАТО самитот во Хаг беше успешен – добивме силна изјава за Член 5 и импресивен договорот за зголемени трошоци за одбрана

0
By Zoran Ivanov on June 28, 2025 ПОЛИТИКА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 28, 2025 11:05

Досега Путин ги отфрли обидите на претседателот Трамп, кој го зголеми интензитетот на своите напади врз украинските цивили.

Автор на интервјуто: Драган Мишев

ЦИВИЛ МЕДИА започна серијал  на тема „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и  единството на Алијансата во претстојниот период.

Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ МЕДИА ги сподели Едвард П. Џозеф, предавач на Џонс Хопкинс SAIS Универзитетот со седиште во Вашингтон и кампус во Болоња, Италија, експерт за менаџмент на конфликти, аналитичар за надворешна политика, со над 15 години искуство во најнестабилните региони во светот, водејќи преговори со високи влогови, изборен мониторинг и мисии за одговор на кризи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг?

ЕДВАРД ЏОЗЕФ: Предизвиците остануваат војната на Русија во Украина – и одбивањето на претседателот Путин да прифати прекин на огнот или сериозно да се вклучи во мировни преговори. Досега Путин ги отфрли обидите на претседателот Трамп, кој го зголеми интензитетот на своите напади врз украинските цивили.

Сите други предизвици остануваат, вклучувајќи ги сајбер нападите и другите средства за хибридно војување, растечките нестабилни временски услови и другите ефекти од глобалното затоплување. За среќа, Блискиот Исток можеби е на траекторија за поголема стабилност.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со какви предизвици се соочува иницијативата за зголемување на трошоците за одбрана на земјите-членки на 5% од БДП до 2035 година?

ЏОЗЕФ: Впечатливо е што Алијансата се посвети на оваа амбициозна цел. Секако, клучниот предизвик е реализацијата на зголемувањето. Земјите-членки би можеле да се обидат да ги претстават трошоците кои не се одбранбени како придонес кон целта.

ЦИВИЛ МЕДИА: Може ли да се очекува поголемо единство на Алијансата по овој самит во претстојниот период?

ЏОЗЕФ: Одговорот на ова важно прашање е неизвесен. Во еден поглед, Самитот во Хаг беше успешен, во смисла на добивање силна изјава – со САД – за Член 5. И, повторно, договорот за зголемени трошоци за одбрана е импресивен. Разликите, секако, остануваат околу Украина и како да се пристапи кон Русија, што се гледа од значително понискиот профил на војната на Самитот и понискиот профил на претседателот Зеленски. Во исто време, претседателите Трамп и Зеленски наводно имале уште една позитивна средба, а претседателот Трамп подоцна имал позитивни зборови за него.

 

 

едгард џозев интервју Мишев НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.