Српските медиуми јавуваат за нови апсења по ноќешните кога беа приведени триесетина лица главно студенти а по немирите кои се случија по завршувањето на големиот студентски и граѓански митинг против власта во Србија од каде што се побарани вонредни парламентарни избори.
Илјадници граѓани и студенти вечерва го опколија српското јавно обвинителство во центарот на Белград а како реакција на апсењата на српските студенти кои синоќа се судрија со полицијата.
Во Белград, но и во повеќе други градови низ Србија, протестантите повикуваат на граѓанска непослушност и блокираат крстосници во централните урбани подрачја.