НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест пожари за еден ден во кумановско

0
By Marija Todorovska on June 30, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Куманово: Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце гореле житни површини од околу три хектари, во интервенцијата учествувале и вработени од приватен субјект кој е во непосредна близина на опожарената површина. Жито горело и во липковското село Ропаљце.

Опожарена сува трева горела во липковско Никуштак во близина на гробиштата, како и во кумановското село Студена Бара. Смет горел во Куманово, во населбата Средорек во два наврати.

Во општина Куманово се одржа локален совет за превенција на кој претставници од повеќе институции, локална власт, СВР Куманово, ТППЕ Куманово, Основното јавно обвинителство, подрачните единици на РЦУК И Дирекција за заштита и спасување разговараа за актуелните пожари на подрачјето на општината, а беа потенцирани и најкритичните точки каде се случуваат пожарите, локалитетите: „Стари Лозја“ и „Бавчи“.

Комуналната инспекција, кумановската полиција, членовите на Советот на општината ќе ги посетат критичните точки во Куманово и ќе разговараат со населението. Територијалната противпожарна единица Куманово ќе обезбеди мобилна опрема за гасење на пожари (грбни пумпи и челични метли) и ќе ги стави на располагање на СВР Куманово, чиишто тимови би можеле да делуваат. Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ќе започне со интензивни активности за расчистување на диви депонии во градот, каде постои ризик од пожари. Во тек на наредна недела да се одржи состанок помеѓу Општина Куманово, СВР Куманово и сопственици на мотокултиватори, како создавачи на диви депонии, со цел да се спречи оваа појава, било истакнато на состанокот.

Како предлог на состанокот беше подготовка на оперативен план од страна на претставници од надлежни институции, за детектирање на предизвиците, намалување на бројот на пожарите, навремено дејствување и пронаоѓање на сторителите, информираат од општината. Кумановци реагираа дека на овие места, несовесни граѓани постојано палат смет и често има пожари кои ја вознемируваат јавноста и го загадуваат воздухот во попладневните часови. Граѓаните бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и го загадуваат воздухот. 

Куманово пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.