Повеќе новински агенции каки и ТВ „Алџезеира“ штотуку јавија за почетни инциденти во центарот на главниот српски град. „Меки“ предмети како пластични шишиња и кеси со вода летаат накај полицискиите кордони на белградските крстосници. Полицијата засега реагира со потискување на групите но не и со употреба на поголема сила.
Инаку, од пладне студенти и граѓани во центарот на Белград блокираат една по една раскрсница. Најново, блкиран тунелот „Теразије“.
Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада на клучните патишта во Белград и во други делови од Србија.
Студенти и граѓанит блокиратаат патишта и во Ужице, Чачак, Крагуевац, Зрењанин, Смедерево, Суботица, Рума, Панчево, Ваљево, Горњи Милановац …
Граѓаните избегнуваат судир со полицијата, се повлекуваат по нејзино напредување но веднаш потоа блокираат друга раскрсница.
Блокадите на белградските крстосници, мостови и подземни премини засега се одвива без инциденти, а релацијата граѓани – полиција е по системот „мачка – глушец“.