НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе осигуреници отколку жители – Фондот за здравство иницира проверки и законски измени

0
By Marija Todorovska on July 3, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупниот број на осигуреници на здравствено осигурување е над еден милион и 820 илјади осигуреници што е повеќе од бројот на жители според последниот Попис. Фондот за здравствено осигурување веќе има иницирано формирање на интерсекторска работна група со цел да се утврди точниот број на здравствени осигуреници.

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашко Клековски, меѓу нив најверојатно има македонски државјани кои живеат во странство, а кои не се одјавиле од земјава и продолжуваат да користат здравствено осигурување, но не ја исклучува можноста дека има и лажни осигуреници.

Над половина од здравствените осигуреници се по други основи, а не по основ на плата и на осигурени деца. Покренавме иницијатива пред Влада да се преиспитаат критериумите. Тоа е интерсекторска работа која ќе потрае бидејќи имаме помалку жители од тоа што во моментот имаме здравствени осигуреници, истакна Клековски во изјава за медиумите.

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за здравствена заштита со цел да се подобри системот на контрола кај издавањето на боледувањата и боледувања да се даваат на оние пациенти на кои тоа навистина им е потребно.

Во основа имаме околу 17 илјади боледувања заради болест и околу 10 илјади породилни боледувања. Зголемениот број на барања на контроли произлегува од тоа што во институции од јавниот сектор има значаен број вработени кои се на боледување. Во здравството имаме клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана и во основа веќе физички не можеме да одговориме на сите барања за боледувања така што размислуваме како да предложеме измени за да се подобри системот на контрола на боледувањата, вели Клековски.

Вели дека често се случува при зголемен обем на работа, персоналот за да ги избегне обврските на работа, да земе боледување.

Кога тие ќе земат боледување, се поттикнуваат и другите вработени да бараат начин да го избегнат зголемениот обем на работа. Кај матичните лекари има јасно пропишани стандарди како може да се даваат боледувања, но ако ги погледнете дијагнозите дека покрај акутните респираторни заболувања, скоро 50 проценти од боледувањата во Фондот се за болести на рбетниот столб, а кој било вработен над 50 години ако му го снимите рбетот ќе излезе дека има спондилоза или лумбаго, тогаш станува субјективно дали треба да се оди или не на работа, изјави Клековски.

Дополнителна мотивација за земањето боледувања, според Клековски, се и колективните договори во кои е предвидено 90 до 100 процентна исплата на плата во време на боледување што во однос на приходите значи дека на вработените им е сеедено дали се на работа или не. Друг момент се и ниските плати во некои институции во јавниот сектор поради што луѓето земаат боледувања за да може да работат и втора работа.

Директорите на Фондот за здравствено осигурување денеска направија осврт на сработеното во изминатата една година откако се назначени а како најзначајни резултати ги посочија проширувањето на Позитивната листа со лекови што било направено по 10-годишна пауза, зголемените плати во здравството, подобрените здраствени услуги, подобро финансирање на примарната здравствена заштита и поголема ефикасност и дигитална трансформација на Фондот.

боледување клековски Фонд за здравствено осигурување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.