Северна Кореја соопшти дека дека ги укинува сите пактови за неагресија со Јужна Кореја, затворајќи ја својата телефонска врска за итни случаи со Сеул и нивниот заеднички граничен премин, јавува Би-Би-Си.
Овој потег следи после следува новите санкции на ОН, со кои се казнува Пјонгјанг за нејзината нуклеарна проба минатиот месец.
Претходно, Пјонгјанг соопшти дека го задржува правото на превентивен нуклеарен напад против агресорите. САД соопшти дека заканите ги зема сериозно, но дека “екстремна реторика” не е невообичаена за Пјонгјанг.
Стравувањата за исходот од овој потег на С. Кореја се однесуваат на сеќавањата на Корејската брутална војна пред 60 години, кога беа убиени два милиони Корејци, илјадници семејства беа разделени и беше креирана најсуровата граница која одделува две земји.