Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 51, а како што објавува АП, надлежните служби и спасувачите бараат голем број луѓе кои се водат како исчезнати.
Според шерифот на округот Кер, Лари Лит, меѓу исчезнатите се 27 девојки кои биле на одмор во кампот Мистик.
Менаџерот на градот Кервил, Далтон Рајс, изјави дека се стравува дека голем број луѓе се водат како исчезнати.
Го гледаме ова на два начина: Познатиот број на исчезнати е 27. Не можеме да кажеме колку уште би можеле да бидат водат како исчезнати, бидејќи едноставно не знаеме, рече Рајс на прес-конференција.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, им нареди на агенциите кои ги бараат исчезнатите да го сторат тоа под претпоставка дека секој од исчезнатите е сè уште жив.
Тој претходно прогласи вонредна состојба поради поплавите во централен Тексас.
Обилните дождови, кои паднаа во рекордни количини во некои делови од регионот за само неколку часа, предизвикаа ненадејни поплави во реката Гвадалупе.