Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот на загинати при поплавите во Тексас се искачи на 80 лица, меѓу кои и 28 деца

0
By Marija Todorovska on July 7, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Скриншот CNN
Фото: Скриншот CNN
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 7, 2025 09:48

Катастрофалните поплави во Тексас однесоа најмалку 82 животи, меѓу кои 28 деца, додека операциите за пребарување на исчезнати девојчиња од летен камп продолжуваат трети ден, а стравувањата од нови нагли поплави предизвикаа дополнителни евакуации.

Шерифот на округот Кер Лари Лејта изјави дека само во неговиот округ загинале 68 лица, вклучувајќи 28 деца. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, на вчерашната прес-конференција потврди дека има дополнителни жртви во други делови на државата, а 41 лице се водат како исчезнати.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сочувство до жртвите и најави можна посета на погодениот регион в петок. Неговата администрација е во постојан контакт со гувернерот Абот, додаде тој.

Ова што се случи е ужасно, апсолутно ужасно. Затоа велиме: Бог да ги благослови сите што претрпеа толку многу и Бог да го благослови Тексас, изјави Трамп пред новинарите во Њу Џерси.

Летниот камп „Кемп Мистик“, христијански камп за девојчиња со речиси едновековна традиција, е меѓу најтешко погодените од поплавите. Според Лејта, сè уште се трага по 10 девојчиња и еден вработен од кампот.

„Беше ужасно да се види низ што поминале овие деца“, рече Абот, кој во саботата го посети регионот и вети продолжување на напорите за пронаоѓање на исчезнатите.

Поплавите се предизвикани од реката Гвадалупе, која се излеа од коритото по обилните дождови во централниот дел на Тексас на 4 јули, Денот на независноста на САД. Според началникот на Одделот за управување со вонредни состојби во Тексас, Ним Кид, три лица загинале во округот Барнет, едно во округот Том Грин, пет во округот Травис и едно во округот Вилијамсон.

Бројот на жртвите ќе се зголеми денеска и утре, изјави Фриман Мартин, директор на Одделот за јавна безбедност на Тексас.

Според официјални извори, спасени се над 850 лица, вклучувајќи и некои кои се држеле за дрвја по невремето што донесе до 38 сантиметри дожд во регионот, околу 140 километри северозападно од Сан Антонио. Федералната агенција за управување со вонредни состојби е активирана, а хеликоптери и авиони на американската крајбрежна стража учествуваат во спасувачките операции.

жртви поплави Тексас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.