НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

0
By Marija Todorovska on July 9, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Епидемијата на труење со храна на 38 работници во прилепска фабрика што не заврши фатално, се случила на крајот на мај, а Центарот за јавно здравје дознал од анонимна дојава по шест дена што оневозможило да се пронајде изворот на масовното труење. Со сигурност само се утврдило дека причинител била бактеријата салмонела. Во Прилеп во јуни имало и пет единечни труења кај граѓани.

Епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ од прилепскиот Центар за јавно здравје го објаснува случајот на труење на работниците од третата смена во прилепската фабрика во два часот изутрината на 28 мај кога при оброкот се затруле 38 од 75-те работници. Кај дел однив имало потешки симптоми со висока температура, гадење, повраќање, кај другите болки во стомакот, нагон за повраќање. Но сите се излекувани. Се затруле од храната која доставувачот ја донел во тетата смена.

За епидемијата дознавме по анонимна дојава упатена во Институтот за јавно здравје кој нѐ извести нас, но со задоцнување, на 4 јуни. Иако, дел од заболените, уште истиот ден, на 28 мај и во наредните два дена побарале лекарска помош кај своите матични лекари, дел во инфективното одделение или во Итната медицинска помош. Во нашата служба немаше пристигнато ниту една пријава за труење со храна или на зголемен број на ентероколити, односно проливи. По дојавата беа известени санитарниот здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство. Веднаш се побара список на сите вработени во фабриката кои конзумирале храна. Извршен беше увод во објектот каде се случило труењето и објектот, добавувач, местото каде се приготвувала храната. Во епидемијата, според нашите епидемиолошки податоци, заболеле 38 од 75 вработници, го објаснува случајот Мургоска Станимировиќ.

Бидејќи било доцна, не можел да се пронајде изворот на заразата во објектот на доставувачот, но се знае дека заболените ја имале бактеријата салмонела.

Земени се примероци од столица и најдена е бактеријата салмонела ентеритидис, чест предизвикувач на труење со храна, особено во летните месеци. Со оглед на тоа што епидемиолошкото испитување започна со задоцнување од 6 дена, направени беа увиди во објектот за подготовка на храна, но не можеше да се открие изворот. Но се констатира дека за подготовка на храна секогаш се користат свежи продукти. Иако изворот не е откриен со сигурност може да се каже дека причинител на труењето  пронајдената бактерија салмонела во изметот кај заболените, изјави Мургоска Станимировиќ.

Во текот на јуни, во прилепскиот центар за јавно здравје имало пријавено и пет индивидуални случаи на труење со храна, а причинител да биде бактеријата салмонела.

За жал, кај поединечните труења, тешко е да се открие извборот на зараза.

До изолирањето на причинителот, и самите заболени не може да се сетат што консумирале пред неколку дена, вели Мургоска Станимировиќ.

Салмонелата е бактерија која најчесто ја има во продукти од животинско потекло- месо, јајца, млечни производи. Епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ со препорака за термичка обработка на краната и да не се чува на собна температура.

Мора да има добра термичка обвработка, посебно во овиел летни месецви кога може да настане труење. Освен тоа, да не се чува на собна температура, туку во разладни уреди. Салмонелата може да ја има и примарно во животните, објаснува Мургоска Станимировиќ.

Прилеп труење Центар за јавно здравје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.