НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски фронт и АА побараа пауза на седницата за опозициски прашања, протестираат зашто е тргната точката за интерпелација на Костадиновски

0
By Marija Todorovska on July 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седницата за прашања од опозициски пратеници,  на која прва прашање требаше да постави Јованка Тренчевска од СДСМ, попладнево почна со барање за еден час пауза од Елми Азири од Алијанса за Албанците.

Тој и неговите сопартијци од АА и пратениците од опозицискиот Европски фронт застанаа на собраниската говорница незадоволни од тоа што не бил прифатен предлогот на Халил Снопче за повторно гласање за точката интерпелација на претседателот на Уставниот суд, која беше тргната од дневниот ред на 59-тата седница.

Пратеникот Азири побара еден час пауза. Рече дека седницата се водела хаотично и се правело театар во Собранието од тие што „не и сакаат добро на демократијата и сакаат да ги заштитат носителите на институциите и на највисокиот законодавен дом“.

– Хаотично водење на седницата зашто не беа дизајнирани добро методите да се блокира слободниот збор и затоа ние, Европски фронт и Алијанса за Албанците двете крила,  направивме се што е можно според Деловникот да се заштити добриот збор и во знак на протест на непочитување на предлогот на пратеникот Халил Снопче да се врати точката на дневен ред барам еден час пауза, рече Азири.

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска даде пауза до 17.20 часот и соопшти дека Собранието денеска ќе работи до 18.20.

Собранието попладнево го усвои дневниот ред од 59. седница од кој претходно беше тргната точката за интерпелација на претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски. Точката беше симната на предлог на пратеникот Бобан Карапејовски од ЗНАМ, со образложение дека „не сакаат да учествуваат во правно насилство врз Уставот“. На тоа со процедурални забелешки реагираа пратеници од опозицискиот Европски фронт кои бараа точката повторно да се врати.

Пред гласањето на дневниот ред, коордиинаторот на Европски фронт, Блерим Беџети, рече дека нема да дозволат да се дискутира и дека „ќе ја блокираат говорницата“ за другите точки од дневниот ред ако не биде ставен предлогот на пратеникот Снопче на гласање. Членовите на Европски фронт застанаа на говорницата, а Бендевска повика да се гласа дневниот ред и тој беше изгласан.

На седницата за прашања од опозицијата пријавени се седум пратеници.

АА Европски фронт седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.