НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собрание на РСМ: Обраќање на претседателот Гаши по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница

0
By Zoran Ivanov on July 10, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Африм Гаши, Претседател на Собранието на Републиока Северна Макеедонија:

„Во име на Собранието на Република Македонија, посакувајќи ви топло добредојде, ми претставува особена чест, но и голема одговорност да ви се обратам на овој настан организиран по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Овој собир не е формален чин, туку неопходен морален, човечки и демократски чин, со кој оддаваме почит и никогаш не забораваме на оваа длабока рана на човештвото. Во оваа сала треба да
посведочиме дека сеќавањето само по себе е чин на правдата.

Дури и триесет години подоцна, чувствуваме дека крвта сѐ уште не се исушила, солзите не престанале, а болката не исчезнала. Ова е трагедија која ни го запира здивот и нѐ замолчува. Да се зборува за Сребреница воопшто не е лесно. Секој збор, секоја порака, секоја фраза што ќе ја изговорам е попразна и послаба, но и недоволна за да ја опише длабочината на
болката што беше доживеана од 9-11 јули 1995 година во Босна. Повеќе од 8.000 неправедно згаснати животи не се само тажна историја на Сребреница, туку колективна траума и силен повик за правда и размислување.

На оваа годишнина, пред сѐ, сакам да се потсетиме и да им оддадеме почит на жртвите кои на непростлив начин ги загубија своите животи. Тие засекогаш ќе останат во нашата меморија и во совеста на човештвото. Нивниот спомен е темелот врз кој треба да ја изградиме нашата морална одговорност. Кога ја посетуваме гробницата во Поточари,
чувствуваме дека секој камен таму нѐ укорува што животот на некој беше угаснат немилосрдно – само затоа што неговата етничка и верска припадност се најде на „погрешно место“ и во „погрешно време“.

Мртвата тишина на Поточари е крик на човечката совест и вресок што ја повикува светската јавност да сфати колку малку рамнодушност му е потребна на Луцифер за да претвори еден „мал инцидент“ во геноцид. И, за жал, Сребреница не е последна. Друга Сребреница, дури и со многу поголеми размери, денес се случува во Газа каде што еден народ е изложен на физичко истребување и умира не само од куршуми и гранати, туку и од недостаток на храна. Очигледно, Сребреница не беше доволна за Луцифер, и изгледа, нема да биде доволна ни Газа. Ние не смееме да бидеме рамнодушни кон геноцидот, говорот на омраза, историскиот
релативизам и заканите за мирот. Сите имаме морална и политичка обврска да не дозволиме минатото да биде замолчено, фалсификувано и, не дај Боже, заборавено. Геноцидот не е прашање што му припаѓа само на еден народ, ниту е сопственост на минатото. Тој е порака за сегашноста и иднината.

Затоа, нашата задача не е само да се сеќаваме, туку и да размислиме, да зборуваме и да извлечеме поука. И, еве нѐ повторно овде, три децении по Сребреница, да се запрашаме: дали направивме доволно за да изградиме Балкан каде што правдата и мирот триумфираат над негирањето и омразата? Дали воспитуваме генерации што учат за Сребреница не само како мрачно поглавје, туку и како животна лекција за иднината? Дали изградивме дијалог и мостови на разбирање или ги охрабривме наративите што поттикнуваат омраза и поделби? Дали успеавме да излеземе над нашите тесни идентитетски припадности и да се најдеме во заедничката припадност кон Божјите созданија, создадени со љубов и повикани на одговорност? Овие прашања бараат не само искрени одговори, туку и конкретни дела. Ако сите ние без разлика на нашиот етнички и верски идентитет, како и на нашата општествена позиција, бидеме повнимателни и попосветени кон човечкиот живот и достоинство, убеден сум дека никогаш немаше да ни се случи Сребреница. Колективната рамнодушност кон другиот, нашата ароганција што нѐ тера да мислиме дека
„тоа не се случува во мојот двор“ и нашата небрежност, мислејќи дека секогаш имаме поважни работи од грижата за човекот, токму тие се оружјето и храната на Луцифер и луциферизмот, кои ги претвораат тие маани во човечки трагедии.

На 11 јули 1995 година, не беа убиени само повеќе од 8.000 Бошњаци во Сребреница, беше убиено и човештвото и човечноста.
Затоа, додека со почит им се поклонуваме на жртвите од Сребреница, ве охрабрувам сите да се ангажираме за тоа минатото никогаш да не се повтори. Да го претвориме сеќавањето не само во изградба на споменици, туку и во создавање на поправедни, посензитивни и
похумани општества. Бидејќи, како што вели познатата изрека: „Оној што ја заборава историјата, осуден е
повторно да ја живее.“ Нека Господ им се смилува на жртвите од Сребреница!
Слава и молитва за нивните души!“

 

Гаши говор Собрание Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.