Пожар од големи размери денеска ја зафати индустриската зона кај Визбегово при што целосно изгоре фабрика за сладолед. Од магацинот на фабриката се слушаа и експлозии. Покрај фабриката, во пожарот изгоре и едно комбе кое се наоѓало во близина.
На терен се повеќе противпожарни екипи, а локалните власти апелираат за внимателност и повикуваат на дополнителна поддршка.
Огнот брзо се прошири поради силниот ветер, а пожарникарите се борат да го спречат да стигне до спортскиот аеродром Стенковец кој е под сериозна закана.