Борче Трајковски: Генијалноста на луѓето кои се грижат за заштита во време на кризи и делуваат превентивно, се граничи со гранчињата на Стојанче за гасење големи шумски пожари. Ваков генијалец мајка не раѓа секогаш, да се разбереме, затоа браво Стојанче. И имаш право, два камиони ладно Скопско пред секоја селска кооперација е многу поевтино од купување дронови за видео надзор врз шумите на Македонија, нешто слично како оние камери на крстосниците и автопатиштата за надзор на сообраќајот. Ти, всушност, генијалците како тебе во ЦУК одбравте начин како да поебете барем 10 дронови во два дена. Испративте СМС пораки на 1,5 милиони корисници на мобилни телефони. Не верувам дека било кој мобилен оператор ви дал попуст, или бсплатно ги испраќа овие пораки, напротив, гарант ви ја зголемиле ценат по порака, но, еве, да речеме дека пораката ја плаќате исто како што ја плаќаме ние „обичните“, како јас например, тогаш цената е 5 денари од порака. Е сеа, ако е вака, ондак Стојанче, пресметај колку гајби пиво односно дронови сте поебале ти и службите, ама баш сте поебале, со оваа акција. Ко да нема социјални мрежи, ко да нема интернет подкасти и надкасти, телевизии од кои не се симнуваш, па реши да спичкаш 7,5 милиони денари најмалку, од нашите пари … Знаеш ли колку гајби пиво има во овие пари? Абе Стојанче …
Извор: Фејсбук