НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП: Геноцидот во Сребреница, едно од најмрачните поглавја во европската историја

0
By Marija Todorovska on July 11, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Геноцидот во Сребреница е болен потсетник за важноста на промовирањето на мирот, толеранцијата и помирувањето во регионот и ја нагласува потребата од континуирани напори за зајакнување на владеењето на правото, промовирање на човековите права и справување со наследството од минатото, вклучително и преку иницијативи за образование, сеќавање и помирување, па затоа ги повикуваме сите засегнати страни, вклучувајќи ги владите, граѓанското општество и меѓународните организации, да работат заедно за да ја постигнат оваа цел.

Ова се наведува во заедничката изјава на претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, на претседателот на парламентарниот Поткомитет за човекови права, Мунир Сатури, на шефот на Делегацијата на ЕП за односи со Босна и Херцеговина и Косово, Давор Иво Стиер и на известувачот на ЕП за БиХ, Ондреј Колар по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Денеска ја одбележуваме 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, едно од најмрачните поглавја во европската историја. На 11 јули 1995 година, над 8000 невини мажи и момчиња беа брутално убиени во Сребреница, Босна и Херцеговина, од страна на Армијата на босанските Срби. Ова злосторство, извршено за време на Војната во Босна и Херцеговина, е суров потсетник за разорните последици од омразата, нетолеранцијата и ксенофобијата, се вели во изјавата.

Во неа натаму се нагласува дека додека се одбележува овој трагичен настан, ЕП им оддава почит на преживеаните и нивните семејства за претрпеното незамисливо страдање и траума.

Ја признаваме храброста и отпорноста на оние кои неуморно работеа за да бараат правда и одговорност за овие гнасни злосторства, преку националниот кривичен систем на Босна и Херцеговина и Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија. Работата на Трибуналот е илустрација за клучната важност на меѓународната кривична правда и потребата од нејзино зачувување и понатамошен развој. Од суштинско значење е да се завршат сите отворени постапки за воени злосторства, без непотребни одложувања и одговорните за геноцидот да одговараат за нивните злосторства, се додава во изјавата.

Четворицата европратеници нагласуваат дека вистината за злосторствата треба да биде универзално признаена и дека воспоставувањето на 11 јули како Меѓународен ден на размислување и сеќавање на геноцидот во Сребреница беше чекор кон оваа цел.

Мораме да го зачуваме сеќавањето на жртвите, отфрлајќи какво било негирање, ревизионизам, отфрлање или погрешно толкување на геноцидот. Да учиме од минатото со цел да изградиме подобра иднина, се истакнува до текстот.

Во него се додава дека во оваа тажна пригода, ЕП ја повторува посветеноста да работи кон изградба на Европа и свет каде што ваквите злосторства никогаш повеќе нема да се случат и каде што човековите права, демократијата и владеењето на правото ќе важат за сите.

Европскиот парламент останува непоколеблив во својата посветеност на европската перспектива на Босна и Херцеговина, како и на сите земји од Западен Балкан. Регионалната соработка и процесот на европска интеграција обезбедуваат најсилна основа за помирување и надминување на поделбите, се додава во изјавата на Мекалистер, Сатури, Стиер и Колар.

11 јули геноцид Европски парламент Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.