Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство и донесе одлука со која мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ., инволвиран во нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се заменува со мерка притвор.
Како што соопштуваат од Кривичен суд, одлуката следува откако судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност за повторување на делото, согласно член 470 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка. Оттаму наведуваат дека осомничениот е веќе спроведен во Затворот Скопје.