НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втори август – Ден на Републиката

0
By Marija Todorovska on August 2, 2025 ТЕМА
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните на Република Северна Македонија денеска го празнуваат 2-ри август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903-та година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

Илинденското востание, кое почнало на 2-ри август 1903 година, е востание на македонскиот народ против османлиската власт и Отоманската Империја, и врвен дострел на македонското ослободително движење. Во текот на Илинденското востание прогласена е Крушевската Република, која се засновала врз длабоки демократски принципи, кои најдобро се изразени во Крушевскиот манифест на народновостаничката власт, преку кој се истакнати и социјалните цели на востанието – воспоставување поправедно општество и еднаквост.

Четириесет и една година по Илинденското востание и за време на Втората светска војна, на 2-ри август 1944 година, во манастирот „Прохор Пчињски“, одржано е и првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Фото: Википедија
Фото: Википедија

Од државно-правен аспект АСНОМ претставува врховно законодавно, извршно и претставничко тело и највисок орган на државната власт во демократска Македонија, додека пак од историски аспект АСНОМ преставува продолжување на илинденските традиции и продолжување на вредностите на Крушевската Република.

На првото заседание на АСНОМ е нагласено дека се исполнуваат целите за кои се бореле илинденците, чија борба продолжува и во антифашистичкиот отпор и постигнување на целите за слободна Македонија.

„Македонија врви кон својата слобода, кон непостигнатиот идеал за кој илјадници ваши другари ги дадоа своите животи во Илинденската епопеја. Вашиот првоборец и другар Димитар Влахов е еден од водачите. Вашето место е покрај вашите синови и внуци. Напред во борбата за идеалите за кои вашата генерација се бореше, а нашата ги исполнува!“, било нагласено на Првото заседание на АСНОМ.

Фото: МИА

На првото заседанието на АСНОМ усвоени се неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија, со која се гарантира слобода и рамноправност на секој граѓанин. На првото заседание формирана е и Комисија за изработување законски проекти, а Илинден е прогласен за државен празник.

„Илинден, 2-ри август, се прогласуе за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото коначно ослободуене от вековното ропство и за создавање на слободната и суверена федерална македонска држава“, се вели во Решението на АСНОМ.

2 август АСНОМ Ден на Републиката Илинден Илинденско востание прво заседание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.