НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деведесет пријави за неправилности во здравствениот систем од граѓани на веб страницата на Министерство за здравство

0
By Marija Todorovska on July 16, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деведесет пријави за неправилности во здравствениот систем од граѓани од сите градови, а најмногу од Скопје, досега се евидентирани на веб страницата на Министерството за здравство. Ова денеска го истакна министерот за здравство Азир Алиу, кој рече дека нивна работа е да процесираат до моментот кога ценат дека навистина во тие пријави има индикации дека треба да се продолжи со постапката.

Досега само две од 60 процесирани се информации кои имаат индикации за натамошно процесирање. Тоа значи дека за тие информации ние ќе седнеме заедно со институциите кои се поврзани со тие информации да ги објасниме уште еднаш процесите и зошто тоа се случува. Тие не се индикации поврзани со финансиска злоупотреба, туку се поврзани со недоволно оптимизирање на здравствените услуги во тие институции или долго чекање на граѓаните за да добиваат услуга во тие институции односно доаѓате навреме, а добивате услуга по два три часа, рече Алиу.

Во врска со забелешката на граѓани дека доктори им кажувале дека нема регуларен термин за операција и дека можат да дојдат во приватна здравствена установа каде тие работат дополнително, што им е дозволено со закон, Алиу рече дека работат на 12 закони на кои ќе им бидат направени измени.

 Дел од измените се затоа што законите се во колизија едни со други. Вториот момент е од наодите кои ги имаме во здравствениот систен да може да се подобрат тие процеси или да се отстранат недостатоците во законот. Има законите во кои ќе има мали измени и тие се јасни, а Законот за здравствена заштита е еден од најголемите и најбитен и не сакаме да брзаме со неговите измени, додаде Алиу.

Алиу Министерство за здравство неправилности
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.