НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народниот правобранител Насер Зибери заминува во пензија, Собранието констатираше престанок на функција

0
By Marija Todorovska on July 17, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на почетокот на денешната седница соопшти дека на 12 јули 2025 година му престанува функцијата Народен правобранител на Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија.

Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Зибери на 12.07.2025 година исполни услови за старосна пензија. Констатирам дека врз основа на член 9 став 1 од точка 3 од Законот за Народниот правобранител на Народниот правобранител Насер Зибери му престанува функцијата Народен правобранител на 12 јули 2025 година поради исполнување на условите за старосна пензија, нагласи Гаши.

Во процедурално обраќање, пратеникот на Левица Борислав Крмов и денеска побара пауза од еден час со поради, како што рече, целосно исполнување на барањето на нивната пратеничка Јована Мојсоска за добивање на податоци за патните трошоци на сите пратеници.

Ние и денеска по член 87 став 2 ќе побарам еден час пауза. Принципиелно бараме барањето на нашата пратеничка Јована Мојсоска целосно да се исполни. Значи, да имаме детален пресек за патните трошоци на пратениците. Ние добивме еден документ каде што беа рандом одбрани само дваесеттина пратеници. Еве сите пратеници излегуваат. Баш тие што најмногу земаат патни трошоци. Значи, само дваесеттина пратеници и од нив најголем дел беа нормално од опозицијата. Дури добивме еден документ каде што на некој начин бевме укорени од генералната секретарка дека било нарушување на достоинството, тоа што сме сакале тие јавни податоци да ги извадиме. Не може тоа да биде нарушување на достоинството. Нарушување на достоинството на ова Собрание е вашето безобразно земање на милионски суми за патни трошоци. За да го зачуваме достоинството на Собранието, имаме или да прекинете да земете патни трошоци или барем да се исполни законската и деловничката обврска кон нашата пратеничка. Јас се надевам дека овие наши повеќе месечни апели еве конечно че допрат до генералната секретарка која седи позади мене, рече Крмов.

Гаши му одговори на Крмов дека ќе ги добијат податоците за патните трошоци на сите пратеници.

Вие имате добиено одговор, како што и самите кажавте. И ќе го добиете за сите пратеници. Но, ова е нормално, процедуралното го барате за пауза. Имате еден час пауза, рече Гаши.

Народен правобранител Насер Зибери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.