Џабир Дерала, главен и одговорен уредник на Цивил Медиа и основач и претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, е назначен за нов генерален секретар на New European People’s Forum (NEPF) или Нов европски граѓански форум.
На Генералното собрание Дерала беше номиниран и изгласан за член на Бордот на оваа европска организација и поканет да одржи говор во својство на почесен гостин.
Претседателот на Цивил на позицијата генерален секретар на НЕПФ беше едногласно изгласан за нов Генерален секретар на организацијата.
NEPF е резултат од спојувањето на Новите Европејци, проевропско движење основано во 2013 година од поранешниот британски парламентарец и значаен европски политичар, Роџер Касале, Новите Европејци – Интернешнл, организација основана во 2017 година и Европскиот граѓански форум (European People’s Forum). Обединувањето на овие три организации и движења се случи во 2024 година и претставува голема, пан-европска структура што вклучува голем број, повеќе од 90 организации од цела Европа, интелектуалци, политички дејци, значајни тинк-тенк организации и други ентитети кои учествуваат во креирањето на јавното мислење и политиките во цела Европа, вклучително и ЕУ и Велика Британија.
За неговата нова функција во NEPF ќе читате во интервјуто за Нова тв кое ќе биде објавено во понеделник.