Проблем е разбирањето на нашите партии што значи таа политичка поддршка или нивниот бизнис со тоа влијание или што купуваат при таа “трансакција”. Купуваат добро за државата? Боже, сочувај!
Сузана Јошевска Трајковска
Случајот со претседателката на ДКСК само го покажува (по не знам кој пат) црно на бело начинот на кој се поставуваат функционери.
Никому не му е ни на крај памет да проверува интегритет ниту му е гајле за тоа. Единствено што се секираат “важните” во државата е кандидатот, дури и во сред ноќ да го разбудат, да знае по чија заслуга е таму каде што е.
Бидејќи бев кандидат за таа позиција и ја поминував процедурата, бев во тие денови бомбардирана со информации, тешко беше да се одвои точно од полуточно од неточно. Но, едно беше кажувано константно – “треба политичка подршка”.
Требало политичка поддршка од истите тие кои утре треба да ги контролираш.
Разбирам, сепак избира Собранието составено од политички партии и тоа не е проблем per se (сам по себе).
Проблем е разбирањето на нашите партии што значи таа политичка поддршка или нивниот бизнис со тоа влијание или што купуваат при таа “трансакција”. Купуваат добро за државата? Боже, сочувај!
Мене ми беше интересно како на нив им е интересно што мислам дека имам шанси. И така се забавуваме сите додека еве, резултатот неспорно се покажа, а тоа е дека ниту една политичка партија нема намера да избира и назначува лица со интегритет туку лица за кои ќе се увери дека знаат дека тоа им е дадено, подарено, овозможено единствено од волјата на политичките партии (и тоа од еден-двајца во партијата) .
Да бидат на чисто дека ништо не е по професионална заслуга, добра, чесна работа на кандидатот или добро поминато интервју или добар карактер. Во смисла “Овде си зошто јас сакам, не затоа што заслужуваш”.
И после е лесно.
Тоа е лерот на колата на која се вози оваа држава. И затоа нема правец, односно правецот е кон бездната.
Од Фејсбук ѕидот на авторката