НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ бара повлекување на предлог законот за полиција

0
By Marija Todorovska on July 22, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара итно повлекување на законот за полиција, предложен од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што соопшти денеска на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талевски, овој предлог закон сметаат дека е опасен и антиевропски.

Предлог законот е опасен, антиевропски, главно корумпиран обид за формирање на партиска полиција, под команда на Тошковски. По стапките на Никола Груевски, министерот Тошковски, го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминалот и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Талевски.

Според него, со предложениот закон се уриваат критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во полицијата и елиминирање на кариерниот систем на напредувањето на професионалните луѓе со искуство и со знаење.

Началник на СВР по рецептот на Тошковски може да стане секој што ќе го одбере без искуство, без знаење, но со партиска книшка. Тошковски ги укинува и регионалните гранични центри во време на сериозни геополитички предизвици и безбедностни ризици. Ова е директен удар врз задграничната контрола и отвора простор за сомнителни шеми, вклучително и мигранти, нагласи Талевски.

Тој додава дека Тошковски, сака да овозможи бришење на полициски податоци без траги, без евиденција, без одговорност и дека претставува опасен механизм за прикривање на криминал и заштита на структури близки до власта.

Најскандалозно е бришењето на одредбата што спречува вработување на осудени лица. Со тоа, полицијата станува прибежиште за лица со криминално минато, наместо институција што гарантира безбедност и владење на правото, истакна Талевски и апелираше до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро да размислат доколку пројде овој закон.

закон полиција СДСМ Талевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.