НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

0
By Marija Todorovska on July 24, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов од собраниската говорница порача дека е горд како млад пратеник што секој студент до 29 години ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред, посочувајќи дека младите се во фокусот на оваа Влада.

Констатирам дека кога ВМРО-ДПМНЕ е во прашање и младите во Република Македонија зборот е збор и затоа денес сум горд што сум овластен предлагач на Законот за вредносни ваучери со секој студент запишан на додипломски студии до 29 години од септември ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за да набави електронско помагало во форма на лап топ таблет или персонален компутер, рече Попов.

Даниела Николова од СДСМ ги поздрави мерките што го унапредуваат студентскиот стандард, посочувајќи дека ќе го поддржат законското решение, но ја критикуваше власта дека дури по една година се сетила на младите.

-Меѓутоа велите се враќа довербата, сега повеќе се размислувало за младите, но знаете дека тоа не е така, ова е прва мерка што ја предлаа Владата во цела оваа година што се однесува на младите, рече Николова.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески истакна дека за оваа намена од државниот Буџет издвоени се 850 милиони денари со кој опфатени ќе бидат 55 илјади студенти.

Јаулески посочи дека секој студент до 29 години запишан во учебната 2025-2026 година ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

Денес на дневен ред е Законот за вредносни ваучери со коишто се предвидува набавка на електронски уреди во форма на лаптоп, персонален компјутер или таблет. Право на овој ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години коишто се запишани коишто се запишани во учебната 2025-2026 година. И со оваа финансиска поддршка од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари. За секој студент 15.300 денари, а ќе се опфатат над 55 илјади студенти, рече Јаулески.

Пратеникот посочи дека целта на овој закон е дигитална писменост, еднаков пристап за сите студенти до електронски уред и развивање на технолошката писменост, посочувајќи ги и другите мерки кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира за младите.

Во рамки на 60-та седница пратениците ги донесе следниве закони – Закон за изменување на Законот за стоковните резерви, Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и Законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Пратениците во рамки на продолжението на 62-та седница го донесоа и Законот за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво.

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски информира дека седницата по преостанатата точка за испрќаање на припадници на Армијата во мисијата на УНИФИЛ дополнително ќе биде закажана.

електронски уреди студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.