Јована Тренчевска: Еве ја вистината за сите неинформирани ама критичари без факти!
Очигледно во мода е да се критикува, навредува, деградира и плука без да се каже или знае вистината!
А вистината е:
Од 2022 до мај 2024 до кога ја извршував функцијата министерка за труд и социјална политика, според Методологијата која ја донесе Владата на СДСМ во февруари 2022 година, пензиите се усогласија/покачија за 29,7%.
Ниту едно покачување во апсолутен износ не беше 50 или 100 денари. Напротив!
Во декември 2021 најниската пензија беше 9900 денари во мај 2024 година беше 13200 денари.
Овој износ го земаа 6,8% од вкупно 328570 пензионери.
Од март 2022 до мај 2024 година, за пензионерите имавме и социјални мерки, во два наврати, за повеќе приход во семејството, за подобар животен стандард!
Сите пензионери добија 3000 денари!
Пензионерите со пензија до 14000 денари добија 15000 денари!
Пензионерите со пензија од 14001 до 16000 денари добија 10000 денари.
Пензионерите со пензија од 16001 до 19000 денари добија 7500 денари.
Со системски политики го чуваме сигурен и дефицитот во ПИОМ.
Во мај 2024 дупката во ПИОМ беше 32,5%.
Денес е 47,8%
Има разлика!