Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, информираа денеска од ЈОРСМ.
Од Обвинителството велат дека е издадена наредба и за обезбедување на снимките од видео надзор со цел идентификација на евентуални сторители.
Осуда за нерпимерното скандирање на поединци на кошаркарскиот натпревар денеска изразија политичките партии од власта и од опозицијата, од општина Куманово и од раководството на Македонската кошаркарска федерација.
Во Куманово вчера беше пуштена во употреба реконструираната спортска сала со натпревар на националниот кошаркарски тим против тимот на Република Романија. Организатор на настанот беше Македонска кошаркарска федерација, а домаќин Општина Куманово.