НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

0
By Zoran Ivanov on August 4, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Попладнево на територијата на државата заклучно со 21 часот се евидентирани вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се четири, под контрола се два,  а 14 се изгаснати, соопшти вечерва  Центарот за управување со шуми.

Активни се пожарите во Општина Чашка: над Богомила каде гори мешана шума, во Општина Липково помеѓу с. Ваксинце – с. Слупчане каде е опожарена нискостеблеста шума, во Општина Студеничани во с. Дречевица каде има шумски пожар во планинскиот дел и во Општина Македонски Брод во с. Грешница  каде гори деградирана нискостеблеста шума.

Под контрола се пожарите во Општина Долнени с. Стровија – место викано Гајдарец-Клепало каде е зафатена нискостеблеста шума, и во Општина Желино над село Церово каде гори мешана шума. За гасење на пожарот над Церово попладнево покрај ангажирањето на пожарникари, беа вклучени и два Ер трактори.

Изгаснати се 14 пожари меѓу кои и пожарот на планина Готен кон Малешевските планини во Општина Берово, каде повеќе денови гореше бор, бука, нискостеблеста шума, смрека и грмушки, а во чие гаснење учествуваа и словенечки пожарникари и хеликоптер Блек Хок од Чешка.

Заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, попладнево на неговиот фејсбук профил објави дека откако ја стабилизирале целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб за управување со кризи на Македонија до пладне го решиле и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе добиле пријава за неколку нови пожари.

-Дефинитивно во Македонија има многу граѓани кои не и мислат добро, друго објаснување за ова кое се случува јас немам! Пожаров кој го гледате е над село Ваксинце, општина Липково и избил пред 30 – тина минути, а истиот ветерот многу бргу го шири накај Стража! Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово!, вели Михаилов во објавата на фејсбук.

Попладне бил пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб за управување со кризи бил упатени сили на ЈП “Македонски Шуми” , екипи на МВР и месно население, а таму на помош бил пратен и делуваше од воздух еден хеликоптер.

-Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и пожарот во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб за управување со кризи делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС! Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кои во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите, објави на фејсбук заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“ Михаилов.

Македонија пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.