НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села во Грамш

0
By Marija Todorovska on August 12, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска  регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за  80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал.

„Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината на својата куќа, во селото Кулолас, пожар кој излегол од контрола и масовно се проширил во неколку села во округот Грамш. Лицето го загубило животот како резултат на задушување“, се наведува во соопштението за медиумите.

Се додава дека полицијата, противпожарната служба и службите за цивилни итни случаи веднаш излегле на терен, каде што “интензивно работат на гаснење на пожарот, како и на евакуација на жителите од селата каде што се проширија пламените јазици”.

Поради ситуацијата што излезе од контрола, Министерството за одбрана нареди евакуација на жителите на 3 села во подрачјето на Грамш.

„Поради пожарите, кои брзо се шират, Министерството за одбрана ги повикува жителите на селата Кулолас, Блетез и Менколаре веднаш да ги напуштат своите домови и да соработуваат со властите за безбедна евакуација, стои во соопштението на министерството.

Само  во овој дел на земјата, наведува министерството, покрај против пожарната единица и локалната власт на Грамш, вклучени се и 80 припадници на армијата и армиски хеликоптер кои работат непрекинато за да ги изолираат пламените јазици.

Албанија пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.