Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / На Аљаска ќе се случи ништо но судот е времето па ќе видиме в петок и потоа што тоа на светот му зготвиле Путин и Трамп

0
By Zoran Ivanov on August 12, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗБОР, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 12, 2025 19:45

Зоран Иванов

Речиси сите дипломатски, политички и аналитички очи деновиве се вперени на средбата Трамп – Путин на која, јас да речен сум лаик за диломатија и за геостратегија, но се насетува ќе се случи – ништо.

Барем ништо значајно.

Можеби некое времено стратешко примирје или вакви или онакви ограничувања на воените дејствија и – толку.

По средбата, украинско – руската ситуација долгорочно уште повеќе ќе се искомплицира и воено и меѓународно дипломатски.

Некои позиции на фронтот ќе се замрзнат, други ќе ферментираат за по некое време пак да ескалираат.

Дотогаш Украина ќе нема владење врз значајни делови од својата територија.

Тоа ќе го нема ниту приближно како во времето пред руската агресија и суверенитетот ќе и` виси на конец.

Секако, наспрпти аналитичарите експерти на темава и воопшто на конфликтните геосратегиски ситуации, моево скрмно согледување на ситуацијава пред Аљаска, засега е лаичко но да го почекаме петок и деновите натаму па и некој месец потоа по петочната средба Трамп – Путин, па да видиме.

Ова од проста причина што некои од пишувачите на темава пристапуваат со премногу емоции, други оптимистичкки се надеваат дека ќе проработи меѓународното право што Москва драконски го прекрши во февруари 2022 кога со тенкови ја помина украинската граница, трети уште наивно им веруваат на вербалните изјави на европските Вавилонци, на нвните принципи кои и самите по стопати си ги прекршиле.

Всушност, деновиве во промет во меѓународната јавност се емитуваа неколку сигнали кои јасно ги отсликуваат очекувањата од средбата Трам – Путин.

И кои многу јасно навестија дека воено дипломатските тимови на американскиот и на рускиот претседател веќе договорно ја скицирале актуелната и, барем за блиска иднина, судбина на укранските теротории врз кои денес гази руската окупаторска чизма.

Наспроти вербалните изливи на помоќните европски држави кои декларативно се уште се држат до цивилизациската теза дека не се можни територијални остапки преку конфлик, преку воен конфликт, очигледно е дека, по налог на најмоќниот командант во НАТО, на Генералниот сектетар на Алијансата Марк Руте, Доналд Трамп му ја додели во ментов најгрдата задача.

Го овласти да биде телалот кој на Украинците, на Европјаните и на светот, им ја соопшти непријатната вест дека на менито на средбата на Аљаска ќе биде и темата за територијални остапки, се разбира, во полза на агресорот.

По изборите во САД, со Трамп, состојбата на светско ниво, вклучително и со Украина, значително се истумба.

Можеби, за разлика од Бајден кој Украна ја пумпаше со оружје, Доналд, со сите негови маани и арлекински однесувања, разбра дека војна со една грандиозна, агресивна, тоталитарна, уште и Путинова Русија, едноставно ќе нема крај.

И дека кај и да е и кога и да е, ќе мора да се бара некакво договорно решение макар и како некаква замрзната „Кипар” ситуација, во случајов, на штета на украинската целовитост и на укранската сувереност.

Но Трам, и како претходен претседател на САД, веројатно прокопал и подлабоко за мотивот на најновата руска агресија.

Можеби прочепкал за генезата Русија – НАТО, за Минск, за ветувањата за лимитите на НАТО амбициите на Исток, за …

А можеби Трамп поарно од Бајден ја разбрал и актуелната геостратегиска позиција воопшто.

Од една страна онаа на САД во друштво на амбивалентната и, како што и самиот Трамп ја квалификува, разгален партнер ЕУ, партнер несигурен посебно од воено безбедносен аспект, а сето наспроти каквата, таква сепак некаква блискост на Москва со Пекинг, со Делхи, со тие држави и нации со по милијарда и кусур народ и со стотици и кусур илјади војска. Со држави во експанзиаја и технолошка и финансиска и воена.

Сепак, ако нешто треба да му се признае на Доналдовиот претходник Џо, тоа е фактот што токму тој, со својата доктрина што ја црпеше од реалната на надмоќ на САД, на светот му го го презентираше фактот дека Русија не е неранлива.

И дека и над руската тероторија и врз руската почва можат да летаат и да експлодираат западни ракети, да уриваат инсталации па и да гинат и руски граѓани.

Затоа велам дека на Аљаска в петок ќе се случи ништо.

Ништо непретпознатливо и секако, наспроти правото и правдата, вообичаено, ќе се случи дополнителна штета врз грбот на послабиот и врз грбот на правото и правдата.

Блиското минато не` учи дека, наспроти европејските нестабилни принципи, територијални промени се можни.

Се случувале во историјата со пари, со многу пари или како воен грабеж со оружје.

Се случија и во Европа.

Во временска блискотст се случија Кипар, Косово, па, засега до некаде, и БиХ, а наспроти бладањата на некои европски лидеери за принципи кои не така ретко самите тие си ги погазуваат.

Впрочем, сведоци сем, секако кој тоа сака да го види, дека и на сегашнава јавна светска сцена, некои светски моќници, како гепарди во заседа, ги демнат Гренланд, Канада, Тајван, …

Некои други пак, поситни и полокални, мечтаат за мигови за независна Баскија, Каталонија, Шкотска можеби, Квебек и куп на ним слични.

Впрочем, што тоа воопшто се променило во карактерот на човекот и човештвото од почетокот на неговата умствена еволуција до денес.

Што и дали воопшто нешто се променилото низ еволутивниот Дравинов пат од мајмун до чевек.

Ништо.

На времето, тој факт го поврдија и шимпанзата на визионерите Кјубрик и Кларк во нивната Одисеја 2001. Од тогаш, од таа нивна филмска порака, од тој прапочеток на човекот, од тогаш па милениуми наваму, еве до денес, се променило – ништо.

Ништо.

На човештвото генетски му остана таа иницијална алчноста која го турка човекот прво во меѓусебни битки за примат во племето и натаму во битки на племето со други племиња за туѓи ресурски, за туѓи територии како ова со актуелново со Русија и Украина, со Израел и Палестина, со Индија, Пакистан и Кашмир, со најавите на САД за Гренланд, Канада …

И затоа на средбата ќе се случи – ништо.

Но само вемнетои е реалниот суд па ќе видиме в петок и потоа што тоа на светот му зготвиле Путин и Трамп.

Затоа и текстов го заклучувам без заклучок зашто, на темава, клучот за заклучокот е исклучиво кај двајцата моќни смртници што в петок ќе се сретнат на Аљаска.

 

 

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.